26 Мај, 2024
0.0256

ЕВН воведува мерки за заштита од ширењето на корона вирусот

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците. Во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот.

Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фрекфенцијата на корисници во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање.

Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар.

За сите останати информации и услуги корисниците може да:

-  ја посетат нашата веб страна www.evn.mk

-  пратат допис на info@evn.mk

-  ги користат онлајн услугите на www.evnonline.mk

На корисничкиот портал www.evnonline.mk :

Без да се регистрираат може: 

-  да се пријават за електронска фактура

-  брзо да платат фактури

Со регистрација на профилот достапни се услугите: 

-  проверка и плаќање на долгови

-  преземање на копии од фактури од последните 12 месеци

-  увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил

-  барање за потврда за успешно плаќање

Корисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство, поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична односно индивидуална одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Чоколадното млеко Моја кравица ги мотивираше најмладите рекреативци на „Охрид трчаТ“

Чоколадното млеко Моја кравица ги мотивираше најмладите рекреативци на „Охрид трчаТ“

Кои ВИ функции на S24 Ultra можете да ги имате и вие на вашиот Galaxy телефон?

Кои ВИ функции на S24 Ultra можете да ги имате и вие на вашиот Galaxy телефон?

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

Ново искуство при пазарување со советниците за убавина во dm дрогериите: стручни совети, одредување на типот на кожа и професионално шминкање

ELENA LUKA HOME го промовираше ексклузивниот станбено-деловен комплекс FUTURA - репер за премиум домување

ELENA LUKA HOME го промовираше ексклузивниот станбено-деловен комплекс FUTURA - репер за премиум домување

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

За премиум станбени проекти секогаш има голем интерес: Се одржа втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

За премиум станбени проекти секогаш има голем интерес: Се одржа втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

Berkshire Hathaway КЛАСА A - дел од портфолиото на македонски отворен инвестициски фонд!

Berkshire Hathaway КЛАСА A - дел од портфолиото на македонски отворен инвестициски фонд!

Шерлок Холмс се врати во Скопје!

Шерлок Холмс се врати во Скопје!

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“

Златни медали за „Tikveš Châteaux & Domaines“ од реномираниот француски магазин „Terre de vins“