Добивај вести на Viber
Панорамското тркало кое ќе ја чини државата 15,5 милиони евра треба да почне да се врти во 2019 година.
Изведуавњето на работите се поклопи со издавањето на еврообврзницата од 450 милиони евра, за која експертите велат дека не треба да се инвестира во непродуктивни трошоци.
Изведувачот, ЈСП ја гради новата атракција во центарот на Скопје. Тркалото ќе има дијаметар од 57 метри и височина од 73 метри.
Фото: ФАКТОР
[gallery ids="227613,227618,227617,227616,227611,227615,227614,227619,6941"]
Локацијата на тркалото е на нов пешачки мост на Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и новиот театар.
Контроверзниот проект за изградба на Панорамското трклало треба да има и ресторан, кафе-бар, продавница за сувенири и билетарница, ќе има 30 гондоли и капацитет за 240 возрасни и 60 деца.
Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП откако Градот објави оглас за заинтересирани вложувачи, но практично зад финансирањето стојат јавни институции(АЕК) и државниот буџет кои како донатори треба да го снабдат скопското јавно претпријатие со дел од неопходните финансиски средства за претстојните градежни работи.