Европа дава 250 милиони евра за обнова на економијата во Мали
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2013
Европската Унија, обезбедувајќи буџет од 250 милиони евра, ја обнови соработката со Мали во областа на развојот. Како што соопштија од Европската комисија по денешната средба во Даблин, според еврокомесарот за развој Андрие Пиебалгс причина за оваа одлука е утврдениот план на малиските власти за обнова на демократијата и стабилноста во нивната земја.
Според него, средствата ќе послужат за постигнување на помирување, спречување судири и помагање на изборниот процес. Друга цел на доставување на средствата е обезбедување храна и вода, како и обнова на локалната економија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.