Европа гради 100 училишта за сириски деца
Објавено во: Свет 28 Декември, 2016
Европа гради 100 училишта за сириските деца во Турција.
Европската комисија ќе плати 270 милиони евра за изградба на овие објекти.
Парите ќе бидат распределени преку Светската банка и германската државна банка Kreditanstalt für Wiederaufbau (KfW).
Училиштата ќе бидат опремени, а нивното управување ќе биде доверено на Министерството за национално образование на Турција. Трошоците за него исто така ќе бидат на сметка на европскиот буџет.
Образовните установи треба да бидат подготвени пред почетокот на следната учебна година.
Парите се дел од 3-те милијарди евра, договорени кон крајот на февруари од ЕУ и Турција.
Во септември беше најавено дека 348 милиони евра ќе бидат поделени на 1 милион сириски бегалци, кои се наоѓаат во Турција. Парите ќе се плаќаат месечно на дебитни картички, од кои бегалците ќе можат да користат за храна, за сместување, како и за да одат нивните деца на училиште.