Европа не е одговорна за сите зла на овој свет!
Објавено во: Свет 24 Април, 2015 11:54
Да, Европа треба да стори повеќе за бегалците кои доаѓаат во Средоземното Море.
Но, во исто време, да не заборавиме дека Европа не е одговорна за сите зла на овој свет, пишува во својот коментар Клаус-Дитер Франкенбергер.
Она што се случува во Средоземното Море, е вистинска трагедија. И европските земји треба да направат сè што е во нивна моќ, за да им помогнат на оние очајни луѓе, кои паднале во крајна беда. Во таа смисла е правилно да се размислува за проширување на спасувачките операции во морето, дури тоа практично да го стимулира бизнисот на бескрупулозните каналдџиски банди.
Но тоа е само една од противречностите кои ја карактеризираат европската дебата за бегалскиот поток и причините за истиот. Многу од оние кои сега гласно велат дека случувањата во Медитеранот е срам за Европа, досега не се издвојува со апели за усвојување на повеќе бегалци во нивните земји.
Сепак главната вина за трагедиите во Средоземното Море неможе да им се припишува на Европејците. Тие ли се виновни за граѓанската војна во Сирија, за диктатурата во Еритреја, за исламскиот екстремизам, за мизеријата и неуспехот на државноста во многу земји околу Медитеранот? Кој мисли така, значи го искривува по еден многу ефтин начин сето она што е направено во Европа.
Да, Европа е должна да стори повеќе за бегалците, но таа не е одговорна за сите зла на овој свет.
Клаус-Дитер Франкенбергер, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




