Европратеникот Андреј Ковачев разочаран што филмот Трето полувреме се емитува на Велигден
Објавено во: Македонија 19 Април, 2020 20:37
Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник, во интервју за ТВ24 вели дека денешното емитување на филмот „Трето полувреме“ на денот Велигден не оди во прилог на подобрување на македонско-бугарските односи што се очекува да се развијат со договорот за добрососедство.
„Јас сум зачуден кога некој ќе каже нешто ново. Ниту има нови услови ниту има нешто ново во позицијата на Бугарија. Оваа позиција на Бугарија е позната на сите во Македонија. На владата, на опозицијата, и на општеството во Македонија. Јас сум многу разочаран што денеска на Велигден една македонска телевизија ќе емитува анти-бугарски филм направен за времето на Груевски“, одговори Ковачев на прашањето дали Бугарија има нов сет на барања за Македонија со добивањето на одлуката за преговори со ЕУ.
Тој додава дека нема никаков проблем со зборувањето на македонскиот јазик, но дека македонска страна го суспендирала делот од договорот за работа на мешовитите комисии.
„Таа комисија не се собира веќе - нема никаков напредок. Договорот е потпишан на официјалните јазици на Р. Бугарија и тогашната Р. Македонија сега веќе официјално Р. Северна Македонија. И за тоа не знам каков е проблемот и дебатата за ова прашање. Јас разбирам дека во Македонија за жал и министерот Никола Димитров се обидува да ја наметне темата само по однос на јазикот, а притоа ја заборава историјата. Историјата е основата3, додава Ковачев.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




