17 Декември, 2025
0.1000

Европска норма е 600 сестри на 100.000 пациенти, кај нас многу помалку

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2018 14:41

Добивај вести на Viber

Во Европа нормите предвидуваат над 600 сестри на 100 илјади граѓани, а во Македонија има 350. Затоа одливот на сестри треба да се спречи преку подобрување на условите за работа и зголемување на платите, порачаа медицинските сестри од денешната Свечена академија што се одржа во Скопје по повод Меѓународната недела на сестринството.

– Нашиот апел од денешната свечена академија е да се запре одливот на медицински сестри. Бројките во Македонија не соодвествуваат со европските стандарди бидејќи има 350 сестри на 100 илјади жители, а во Европа нормите се над 600 медицински сестри на 100 илјади жители. Затоа велиме дека Македонија се соочува со недостиг од сестри, рече Гордана Бешлиовска, координатор на Унијата на здруженија на медицински сестри.

Запирање на одливот, според неа, е можно така што ќе бидат подобрени условите за работата на медицинските сестри, но и зголемени коефициентите за личните доходи.

Вели дека ова треба да се најде и во стратегијата за здравството, со цел да се надмине дефицитот на кадри во здравствените институции.

Исто така, додаде таа, медицинските сестри треба да излезат од анонимноста и непрепознатливоста и да бидат препознаени преку специјализациите што ги имаат во здравствените институции.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски