ЕВРОСТАТ: Кои странски јазици ги изучуваат Македонците?
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017 18:30
Според Евростат, 84.000 македонски граѓани посетуваат средно училиште и буквално сите имаат најмалку еден странски јазик како предмет, а дури 99,6% втор странски јазик што го изучуваат.
Средношколците од Република Македонија, Луксембург и Лихтенштајн во најголем процент во Европа учат по најмалку два странски јазика за време на своето школување.
Ова го покажаа податоците што денеска ги објави Евростат, според која 100% од учениците во прва и втора година од средно образование во Македонија учат најмалку еден, а дури 99,6% од нив изучуваат најмалку два странски јазика за време на четиригодишното школување.
Евростат објавува дека прв странски јазик што македонските граѓани го изучуваат во средно училиште е англискиот, додека германскиот јазик е втор странски јазик, односно го изучуваат 49,2% од нив.
Унгарија со само 6% од средношколците и Бугарија со 16% имаат најмал процент на млади во средните училишта што учат втор странски јазик.
Во ЕУ вториот најраспространет странски јазик во училиштата е францускиот, а потоа следат германскиот и шпанскиот јазик.
Францускиот јазик е најпопуларен во земји како Луксембург, Белгија, Кипар, Романија, Португалија и Италија. Германскиот јазик е популарен во Данска, Полска и Словачка, како и во Луксембург. Учење на шпански јазик како странски е популарен во Шведска и Франција.
Рускиот јазик е застапен во Балтичките држави и донекаде во Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




