06 Октомври, 2024
0.0232

Еврото нема да пропадне, ако Грција ја напушти еврозоната

Објавено во: Балкан, Економија 18 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

„Еврото нема да пропадне, ако Грција ја напушти еврозоната со единствената валута“, изјавил шефот на германската национална банка „Бундесбанк“, Јенс Ваидман.

„Континуираното постоење на еврото не е врзано со развојот во Грција. Но некои верижни ефекти не можат да бидат исклучени, бидејќи карактерот на монетарната унија ќе биде променет од „Grexit“, објаснил тој за францускиот весник „Les Echos“. Интервјуто е објавено исто во шпанските и италијанските весници „El Mundo“ и „La Stampa“.

Така наречениот „Grexit“ би бил излез на Грција од еврозоната.

„Карактерот на монетарна унија исто така ќе се промени, ако одделни земји не ги исполнуваат своите обврски за стабилна валута и се свртат кон монетарната унија во трансфер унија“, објасни Ваидман.

Тој инсистираше на тоа дека одговорноста за тоа дали Грција ќе остане во еврозоната е на грчката влада.

„Тие немаат многу време за постигнување договор. Топката дефинитивно е во полето на грчката влада. Од нив зависи во која насока сакаат да заминат“, изјавил Ваидман.

„Иако постојат ризиците од банкрот и ефект на зараза, ние треба да се осигураме дека основите на монетарната унија и стабилноста нема да бидат нарушени“, додал тој.

Според него поништување на договорите и запирање на плаќањата кон партнерите сигурно ќе има последици за Грција.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути