Фабриките ќе загадуваат „само“ до април 2014, освен ако Владата не им го продолжи рокот
Објавено во: Економија 13 Септември, 2013 20:34
Нема да има продолжување на рокот за издавање на интегрирани А еколошки дозволи за македонсските компании по април 2014 година. Оваа порака беше испратена на денешната средба на владините претставници со одговорните од компаниите од кои беше побарано да ги забрзаат инвестициите за спречување на загадувањето.
Како што изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, целта на средббата била да се прати на време сигнал до компаниите дека оваа законска обврска која стои пред нив повеќе години наназад и за која што досега требаше да достават оперативни планови до Министерството за животна средина и просторно планирање и да постапат по нив.
„Имаме намера да опстоиме на тие определби и со самото тоа покажуваме грижа за човечките ресурси, за луѓето, за нивното здравје кое што е највисок приоритет на Владата, повисок дури од економскиот развој, повисок од се друго бидејќи ќе се согласите дека здравјето нема цена“, изјави по средбата Пешевски.
Министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми не откри колкав е бројот на компании кои имаат обврска да ги воведат овие стандарди,
„Ние сме во постојана комуникација со поголемите капацитети, бидејќи кај нив инвестициите се поголеми и наидуваме на добро разбирање, односно на соработка затоа што оперативните планови самите компании ги предлагаат до Министерството па потоа ние преку преговори утврдуваме за технологијата, за рокот кој треба да се исполни“, изјави Адеми.
Како што појасни Пешевски, прологнирањето на рокот до 2019 година воведен како антикризна мерка некои компании го разбрале како можност да ги одложат инвестициите и спроведување на оперативните планови. Тој повтори дека обврската е до април 2014 година.
Сепак, не ја исклучи можноста компанијата да побара од Министерството пролонгирање на овој рок со образложение за проблемите зошто не го реализирале оперативниот план. Во тие ситуации, рече Пешевски, Владата ќе заземе став дали ќе овозможи или не пролонгирање.
„Но, тоа не значи дека Владата се согласила или дала политичка порака дека е во ред да продолжи загадувањето до 2019 година“, рече Пешевски.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




