ФАКТОР АНАЛИЗА: Колку пари вртат, а колку заработуваат најголемите аптекарски ланци?
Објавено во: Анализа 18 Јуни, 2025 07:36
Аптекарскиот бизнис во Македонија го карактеризираат два клучни белези. Првиот е дека има големи приходи, но изразито ниски профити и тоа укажува на хуманоста односно филантропијата на сопствениците на најголемите аптекарски ланци. Поточно на сопственичките. Затоа што петте најголеми македонски ланци аптеки ги поседуваат и водат жени! Овие дами управуваат со над 340 аптеки ширум земјава и вработуваат повеќе од 1.700 лица. Браво за нив!

*рангирани се компании со приход еднаков или поголем од 5 милиони евра
Петте најголеми ланци аптеки во Македонија се поседувани и управувани од дами. Вредни и способни жени кои се грижат за македонската популација да биде редовно и квалитетно снабдена со се што треба и може да се купи во аптека. Затоа што се работи за здравјето на сите нас. Од бебиња до возрасни луѓе. Да биде снабдена аптеката во секој момент тоа бара посветеност и добро планирање. А кога се работи за ланци од 10 па до повеќе од 100 аптеки тоа бара систем на планирање, управување и контрола.
Кои се дамите што се грижат за нашите аптеки?
Најголем број од македонските аптеки ги управуваат сестрите Механџиски. Тоа се Христина Механџиска – Ѓоргиевска и Викторија Механџиска, наследнички на Благоја Механџиски Зегин еден од најголемите претприемачи во Македонија. Во свој посед сестрите Механџиски имаат 78% од синџирот аптеки „Зегин Фарм“. Тоа е најпознатиот македонски аптекарски бренд. Под него работат 77 аптеки ширум земјава кои вработуваат 553 лица. Воедно сестрите Механџиски ја поседуваат и аптекарската компанија која работи под брендот „Моја Аптека“. Тоа се уште 110 аптеки и 585 вработени ширум земјава.
Аптекарска компанија со најголем број аптеки во Македонија е „Еурофарм“ Битола. Има 123 аптеки ширум земјава и вработува 520 лица. Сопственичка на „Еурофарм“ е Ангелка Белазелкоска.
Во најголемите пет аптекарски компании се уште „Виа фарм“ од Вевчани и „Виола“ од Скопје. Сопственична на „Виа Фарм Вевчани“ е Марица Угриновска Баткоска. Нејзината компанија вработува 65 лица во 19 аптеки во земјава.
Марија Фидановска е сопственичка на компанијата „Виола“ со седиште во Скопје. Таа фирма вработува 54 лица и има 14 аптеки.
Можеби ќе ве интересира
Историски отворени врати за членство во ЕУ, но „вратарот“ не попушта
Еден од пет луѓе во земјава користи ВИ алатки, во ЕУ речиси секој трет
Слаб обвинител силна власт - По што ќе се памети Љупчо Коцевски
Битка на резолуции за мигрантите - Кога СДСМ сака да биде поголемо ВМРО од Белата палата
Позадината на „Договорот на векот“: Преземањето на Warner е многу повеќе од стримингот на Netflix и HBO Max
Анѓеловска: Ризично е да се потпирате на ВИ алатки и ботови за правно советување




