ФАКТОР ДОЗНАВА: Катерина Јанковиќ нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка
Објавено во: Финансии 01 Август, 2024 17:00
Управниот одбор на НЛБ Банка ќе има нова членка, што е уште една интересна информација за таа банка во делот на нејзиното доекипирање, откако на позицијата прв човек на банката и претседател на Управниот одбор дојде Тони Стојановски, директно од кормилото на Стопанска банка Скопје.
Според информациите на Фактор, на функцијата член на Управниот одбор на НЛБ Банка, што е всушност највисоката позиција во едно акционерско друштво, ќе дојде Катерина Јанковиќ, сегашна директорка на Секторот за население на Шпаркасе банка.
Нашите сознанија говорат дека оваа информација ќе биде потврдена од банката кога Јанковиќ ќе ја добие потребната согласност за функцијата член на Управата од Народна банка на Македонија.
Инаку, НЛБ Банка денеска објави предлог за Собранието на акционери, кое ќе се одржи на 5 септември оваа година, а кој се однесува на планирани измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Банка.
Тие ќе донесат новина дека Управниот одбор на НЛБ Банка, наместо три, ќе има четири члена, како и дека „секој од членовите на Управниот одбор е законски застапник на банката и неа во кое било време ја застапуваат двајца членови на Управниот одбор, од кои еден задолжително треба да биде претседателот. Во случај на негово отсуство, тој може да го пренесе ова право само на друг член на УО“.
Ќе се прават и промени и во областите на управување на членовите на Управниот одбор, односно ќе има област - Главни извршни функции, која ги опфаќа секторот за правни работи и секретаријат, и секторот за човечки ресурси и организација. Потоа, областа финансиски функции на управување ги опфаќа деловниот сектор за финансиски пазари и средства и секторот за финансиско управување. Областа функции на управување со корпоративно банкарство ќе го опфати деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти и секторот за поддршка на продажба на корпоративни клиенти, додека областа Функции на управување со ризици ги опфаќа секторот за реструктурирање и управување со проблематични пласмани, секторот за ризици, евалуација и контрола, секторот за кредитни ризици, и центарот за усогласување со прописите и интегритет. Областа Функции на управување со операци, пак, ги опфаќа секторот за информатичка технологија, секторот за логистика на банката, секторот за логистика на продажбата, секторот за платни системи, секторот за работа со готовина и депо, и центар за ИТ-инфраструктура и безбедност. Областа функции на управување со банкарство на мало ги опфаќа деловниот сектор за управување со продажна мрежа, секторот за развој на понуда и маркетинг, и службата за микро претпријатија.
Промени ќе има и со тоа што „Управниот одбор одлучува по правило едногласно од присутните членови. По исклучок, доколку нема согласност од сите членови, УО одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на седницата. Во случај на еднаков број гласови решавачки е гласот на претседателот. При одвивање на седница во присуство на половина од вкупниот број членови на УО, одлуките се усвојуваат едногласно.“
Во јули лани Фактор објави интервју со Катерина Јанковиќ, која е високо остварен професионалец во областа на финансиите, со сеопфатно искуство, позната по нејзината посветеност на развој и поддршка на тимот, обезбедување на исклучителни искуства на клиентите и иновативни решенија.
Јанковиќ верува дека желбата за подобра иднина е камен темелник на личниот и општествениот просперитет, а нејзината страст за позитивно влијание во животите на луѓето, ги поттикнува нејзините иницијативи во Шпаркасе Банка.
Инаку, Шпаркасе банка е една од петте најголеми банки во земјава и важи за една од најстабилните, најсигурните и најуспешните банкарски институции. Банката лани ја потврди својата позиција на пазарот како една од петте водечки банки во земјата. Во 2023 година, Банката оствари историски највисоки резултати, кои покажуваат 47 отсто зголемување на нето-добивката во однос на минатата година и зголемување во сите сегменти од своето работење, постигнувајќи пазарен раст далеку повисок од нивото на банкарскиот сектор во земјата.
„Шпаркасе Банка е значаен двигател на македонската економија и силен партнер на корпоративниот сегмент и сегментот население. Во тој контекст би сакал да истакнам дека 2023 година, беше историски гледано најдобра година за Шпаркасе Банка. Годината ја завршивме со вкупна актива од 1,5 милијарди евра, или 13,5 отсто раст во однос на 2022 година. Круна на сите овие постигнати резултати е остварениот нето-профит од 25 милиони евра, што е за 47 отсто повисок во споредба од 2022 година“, изјави Санел Кустурица, претседател на УО на Шпаркасе Банка.
Всушност, гледано низ призма на постигнатите резултати, експертиза и стабилноста што ја има на пазарот, Шпаркасе Банка постојано праќа јасна порака дека на клиентите им гарантира сигурност, искуство и иднина во која верува.
Шпаркасе банка ја потврди својата позиција на пазарот како пазарен лидер за корпоративни клиенти, остварувајќи пазарно учество во кредитирање правни лица од 17,3 отсто и пазарно учество од 17,1 отсто во делот на депозити за правни лица. Истовремено, банката важи и за пазарен лидер во стимулирање зелена економија, поддржувајќи 54 проекти и инвестиции од 98 милиони евра и инвестиции во обновливи извори на енергија во вкупен износ од 92 милиони евра. Во сегментот население, пак, 2023 година Шпаркасе банка ја заврши со кредитното портфолио чие учество на пазарот изнесува 13,5 отсто.
Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Санел Кустурица ја претстави 5-годишната стратегија на Банката, во која е ставен фокус на четири клучни пилари: растот и развојот на Шпаркасе Банка кој треба да донесе 10 отсто раст на бројот на клиенти, 11 отсто раст на кредитното портфолио и 15 отсто раст на депозитното портфолио. Кустурица најавува и 60 милиони евра инвестиции во инфраструктура и дигитализација за унапредување на квалитетот на услугите.
Н.Н.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





