ФАКТОР ДОЗНАВА: Комисијата за заразни болести со предлог во недела да не работи ништо, работното време на кафулињата до 22.00
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2020 11:43
Членови на Комисијата
за заразни болести викендов прават анализи за начинот на кој што се пренесува
корона вирусот, поради што може да дојде до ескалација на епидемиолошката
состојба, по што во понеделник, како што информираат изворите на Фактор ќе
излезат со неколку препораки до Владата.
-Прво дефинитивно ќе предложиме да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата и така натаму, практично секаде каде што има голема концентрација на луѓе, а речиси никој не ги почитува мерките за заштита од корона вирусот. Ние навистина дозволивме угостителските објекти да работат од економски аспект, но ова повеќе нема никаква смисла, сè е претерано, и нормално е да имаме рекордни бројки на новозаразени. Еве, токму синоќа во локал во Драчево имало присутни повеќе од 2.000 луѓе. Гостувал некој пејач од Србија. Навистина не знам со кој памет се прави сето ова. Затоа нашата препорака ќе биде работно време за угостителските објекти и ноќни локали да биде ограничено до 22 часот. Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати, вели изворот на Фактор.
Освен тоа, како што потенцираше тој, на состанокот в понеделник ќе биде предложено и тоа, в недела да не работи ништо, ниту маркети, ниту молови, ниту угостителски објекти, како што е праксата секаде во светот.
-Крајно време е тоа да го направиме. Недела мора да биде неработен ден за сите. На тој начин, освен што сега практично ќе се заштитиме ширење на корона вирусот, ќе може да здивнат и вработените во моловите чие работно време е до 22.00. Недела треба да се знае дека треба да биде ден за со семејството. Така функционира современиот свет, вели изворот на Фактор.
Препораките на Комисијата за заразни болести ќе следат по вчерашната втора рекордна бројка од 225 новозаразени од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во Македонија.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




