ФАКТОР ДОЗНАВА-ПАЦИЕНТИТЕ СЕ СНИМААТ НА СТАРИ АПАРАТИ СО ГОЛЕМА ДОЗА НА ЗРАЧЕЊЕ- Дали државата дозволува увоз на медицински „отпад“ ?
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2021 12:36
Кој ја контролира
употребата на стари медицински апарати кои ги зрачат пациентите и прават повеќе
штета отколку корист. Дали некој ја мери и контролира зрачната доза на старите
апаратите во македонскисте болници кои може да направат сериозни последици по
здравјето на пациентите.
Во екот на медицински напредок и достапна технологија која снима со минимална зрачна доза и без несакани ефекти, македонските пациенти се осудени да се зрачат на медицински отпад, па наместо дијагноза може да добијат уште една болест.
Добро упатени извори од овој сектор за Фактор брифираат дека една приватна болница користи ПЕТ/КТ апарат произведен од 2005/2006 година, апарат стар 16 години кој се користи за откривање на метастази, а истовремено со високата доза на зрачење на апаратот може да предизвика карцином.
Зошто државата дозволила увоз на апарат за дијагностика постар од 10 години и дали државата свесно узвезува медицински отпад ? Зошто досега не е направена контрола и не е издадена забрана за работа на ваквите нефункционални и штетни извори на зрачење.
-Наместо здравјето на граѓаните, главна улога во одлуката каков апарат ќе се увезе игра цената на апаратите, а според нашите информации, ваквите стари и неупотребливи апарати се набавуваат по неконкурентно ниски цени од 20-30.000 евра, и притоа се затајува ддв и царина на истите. Ваквите ниски откупни цени на апаратите им дозволуваат на здравствените центри услугата да ја нудат за многу пониски цени за разлика од другите здравствени институции кои ја нудат истата услуга за повисока цена, но на современа безбедна опрема со минимално зрачење. Заради неинформираност, пациентите одбираат да платат „поефтина“ но значително многу поризична услуга за своето здравје, посочуваат изворите на Фактор.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




