22 Декември, 2024
0.0253

ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО: ВО ВТОРНИК ЌЕ ИМА ЖЕШКО НАДДАВАЊЕ, СЕ ПРОДАВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - кој ќе понуди сума поголема од 8,5 милиони евра

Објавено во: Финансии 14 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во тек е продажба на зградата на пропаднатата Еуростандард банка во строгиот центар на градот, дознава Фактор.

Стечајниот управник на Еуростандард банка во стечај, Маринко Саздовски, ја има огласено за продажба зградата на некогашната банка на бизнисменот Трифун Костовски, која ќе се продава во вторник другата недела, на јавно наддавање.

Наддавањето ќе почне во вторник во 14 часот, а ќе заврши половина час подоцна.

Проценетата вредност на целиот имот кој се продава е утврден на 8,43 милиони евра, при што е наведено дека наддавањето ќе се врши без одредена почетна цена.

Се наведува и дека минималниот износ на наддавањето е 10 милиони денари односно тоа е рамно на близу 163 илјади евра.

Според информациите на Фактор, не е точно дека зградата е продадена, како што се шпекулираше во јавноста.

Она што е точно е дека се до утре трае уплатата на учеството на сите заинтересирани субјекти што ќе сакаат да ја купат зградата на Еуростандард банка.

Според огласот што го распишал стечајниот управник Саздовски, сите заинтересирани страни треба до уплатат бараното учество најдоцна до утре четврток.

Износот на бараното учество е 10 отсто од проценетата вредност, што е рамно на 843 илјади евра, што значи дека не секој можел или може да се пријави на наддавањето, бидејќи претходно мора да плати огромна сума на учество.

Нашите информации говорат дека оние што нема да добијат на наддавањето, ќе им биде вратено учеството.

Фактор има неофицијални информации дека за зградата на Еуростандард банка има повеќе заинтересирани страни, односно дека има најмалку еден субјект, сеуште не е познато дали е компанија или физичко лице, кој е заинтересиран да даде повеќе од таа сума, само со цел да ја добие зградата.

Но, која цена ќе се постигне за овој ексклузивен објект, ќе се дознае во вторник, кога ќе се организира јавното наддавање.

Се до утре има време да се пријават сите оние што се заинтересирани да наддаваат за зградата на Еуростандард банка, доколку се до тој ден ги уплатат потребните средства.

Она што е битно е дека дали зградата ќе се продаде по цената што ќе се постигне на наддавањето, ќе одлучува Собранието на доверители.

Еве што е распишано како оглас за зградата на Еуростандард банка.

Пакет бр.11. Недвижен имот (деловни простории) втора електронска продажба, запишани во Имотен лист бр.45301, И.Лист бр.103480, И.Лист бр.103479 за КО Центар 1, или поедниначно по Имотни листови:

На недвижен имот под Имотен лист број 45301 КО Центар се следниве катастарски индикации:

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2, зграда 1, намена Б4,влез 1,кат 1,број 0 ,ДП со површина од 385 м2

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , зграда 1, намена Б4,влез 1, кат 2 , број 0 , ДП со површина од 381 м2

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр.2 , зграда 1 , намена Б4,влез 1 , кат 1,број -1, ДП со површина 756 м2

На недвижен имот под Имотен лист број 103480 КО Центар се следниве катастарски индикации:

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , зграда 1 , намена Б4-2,влез 1 , кат 3, број 0, ДП со површина од 385 м2

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , зграда 1 , намена Б4-2,влез 1 , мансарда, број 0, ДП со површина од 357 м2

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , зграда 1 , намена Б4-2,влез 1 , мансарда, број 0, ДП со површина од 97 м2

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , зграда 1 , намена Б4-2,влез 1 , подрум, број -, ДП со површина од 756 м2

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , зграда 1 , намена Б4-2,влез 1 , приземје, број -, ДП со површина од 372 м2

На недвижен имот под Имотен лист број 103479 КО Центар се следниве катастарски индикации:

·  КП 11998/4 на ул.Никола Кљусев бр. 2 , ГЗ , ЗПЗ 1, со површина од 410 м2

Со проценета вредност од 8.431.265,00 ЕУР. или 520.166.894,00 МКД. Минимален износ на наддавање е 10.000.000,00 денари.

Продажбата на горе наведениот имот ќе се врши по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.

Заинтересираните правни и физички лица за купување на горе наведениот имот се најавуваат преку системот за Е- Аукција при ЦР на РСМ до стечајниот управник Маринко Саздовски дека имаат намера да учествуваат на електронската продажба.

Се известуваат учесниците во електронската продажба дека најповолниот понудувач кој ќе биде избран како купувач има обврска да овозможи во две простории присуство на вкупно 6 ангажирани лица во стечајната постапка како и во една просторија сместување на сервер сала, до заклучување на стечајната постапка, за што ќе биде склучен договор.

Огласот за електронска продажба се објавува во два дневни весника.

Информации за имотот кој е предмет на продажба, заинтересираните учесници можат да добијат исклучиво во работен ден, во период од 10.00 часот до 14.00 часот, кај стечајниот управник Маринко Саздовски, и кај лицето Драган Блажовски.

Право на учество во електронска продажба имаат учесниците кои најдоцна до 15.12.2022 година ќе уплатат 10 отсто од проценетата вредност, на трансакциска сметка на Еуростандард Банка АД Скопје во стечај, број 300000004524310 во Комерцијална Банка АД Скопје, со назнака депозит за учество на јавна продажба, или да достават банкарска гаранција на овој износ на адреса на Стечаен управник Маринко Саздовски, бул. Јане Сандански бр.106/2 , Скопје.

За уплатениот депозит за учество, заинтересираните лица да го известат стечајниот управник кој ќе им овозможи пристап за учество во електронската продажба преку истемот Е-стечај кој се води при ЦР на РСМ.

Електронското јавно наддавање за секој  недвижен имот  поединечно трае триесет минути. Доколку некој понудувач поднесе понуда во последните 10 минути или помалку од 10 минути пред истекот на крајот на аукцијата, аукцијата ќе биде продолжена за 10 минути.

По завршување на јавното наддавање, Е-системот електронски ќе ги извести учесниците за резултатите од наддавањето.

Собранието на доверители ќе донесе одлука дали недвижните имоти ќе бидат продадени по постигнатата највисока цена на електронската продажба со јавно наддавање.

Понудувачот, чија понуда ќе биде избрана за најповолна, е должен на трансакциската сметка на стечајниот должник да го уплати достигнатиот највисок износ во рок од осум дена сметано од денот на доставувањето на Решението на стечајниот судија, зголемен за ДДВ , а во спротивно го губи правото на купување и на враќање на депозитот.

На учесниците на јавното наддавање чии понуди нема да бидат избрани за најповолни, уплатениот депозит ќе им биде вратен во рок од пет работни дена сметано од денот на електронското јавно наддавање.

Даноците кои се плаќаат согласно посебните законски прописи (ДДВ, данок на промет и други задолжителни давачки) и други трошоци за пренос на сопственост се додаваат на понудениот износ од прифатената понуда и паѓаат на товар на купувачот“, се вели во повикот распишан од Стечајниот управник.

Како што веќе пишуваше Фактор, од досегашните пари што се собраа од стечајната маса, веќе се обештетени доверителите физички лица, а според нашите сознанија, со по една третина веќе се обештетени и компаниите.

Парите што ќе се земат од зградата се голем финансиски колач, кој ќе овозмножи натамшно обештетување, што ќе значи дека стечајот на Еуростандард банка, кого на почетокот го следеа многу контроверзи, ќе може да се прогласи за успешен.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕН „ФРЧАТ“ ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ВЧЕРА БЕА И ПОЛОВИНА МИЛИОН - инвеститори не прашуваат за цена за акции на Комерцијална банка

СЕКОЈ ДЕН „ФРЧАТ“ ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ВЧЕРА БЕА И ПОЛОВИНА МИЛИОН - инвеститори не прашуваат за цена за акции на Комерцијална банка

ПАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПОСЛЕ ТРИ И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ - кога државата зајми, банкарите имаат сигурни пласмани

ПАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПОСЛЕ ТРИ И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ - кога државата зајми, банкарите имаат сигурни пласмани

„Стапка од 3,25 отсто е многу пониска од каматата на нова еврообврзница“: Димитриеска - Кочоска во Унгарија го потпиша договорот за заемот

„Стапка од 3,25 отсто е многу пониска од каматата на нова еврообврзница“: Димитриеска - Кочоска во Унгарија го потпиша договорот за заемот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НАДМИНА 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НАДМИНА 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат најголем раст

ЕВЕ КОЈ ИМА ПРАВО НА КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ОДЛОЖЕНИ И ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Регулативата на ЕУ ги штити патниците, можат да добијат од 260 до 600 евра!

ЕВЕ КОЈ ИМА ПРАВО НА КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ОДЛОЖЕНИ И ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Регулативата на ЕУ ги штити патниците, можат да добијат од 260 до 600 евра!

БИЛ ГЕЈТС ИНВЕСТИРАШЕ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО НУКЛЕАРКА! Милијардерот основал и посебен фонд и отворено рекол: „Ќе инвестирам уште повеќе!“

БИЛ ГЕЈТС ИНВЕСТИРАШЕ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО НУКЛЕАРКА! Милијардерот основал и посебен фонд и отворено рекол: „Ќе инвестирам уште повеќе!“

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МБИ10, ГО НАДМИНА ПЛАФОНОТ ОД 10.000 ПОЕНИ - промена и во составот, „Реплек“ влегува во Клубот на моќните

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МБИ10, ГО НАДМИНА ПЛАФОНОТ ОД 10.000 ПОЕНИ - промена и во составот, „Реплек“ влегува во Клубот на моќните

ШТЕДИЛНИЦИТЕ СО ПОВЕЌЕ ЗАДАЧИ, ЌЕ СОБИРААТ ДЕПОЗИТИ ОД КОМПАНИИ И ЌЕ ПРОДАВААТ ПОЛИСИ – еве ги новините во Законот за банки

ШТЕДИЛНИЦИТЕ СО ПОВЕЌЕ ЗАДАЧИ, ЌЕ СОБИРААТ ДЕПОЗИТИ ОД КОМПАНИИ И ЌЕ ПРОДАВААТ ПОЛИСИ – еве ги новините во Законот за банки

ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА ГОЛЕМИ ПОСКАПУВАЊА ЗА ТУРИСТИЧКАТА 2025 ГОДИНА: Рипаат цените на туристичките давачки

ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА ГОЛЕМИ ПОСКАПУВАЊА ЗА ТУРИСТИЧКАТА 2025 ГОДИНА: Рипаат цените на туристичките давачки