ФАКТОР НА ДЕНОТ: Без маски, но и без учебници почна новата учебна година
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2022
ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
Детски џагор, родителска среќа, насмевки, прегратки, па и некоја солза радосница или страв од неизвесност.
Новата учебна година, по две и пол години од пандемијата на корона вирусот, за точно 255.000 ученици во основните и во средните училишта ширум земјава, почнува навреме, односно денеска на 1. септември и тоа на радост на учениците без заштитни маски и други анти-ковид мерки.
Според здравствените власти, а како што велат согласно актуелната епидемиолошка состојба во Македонија, засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и се на сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица.ГРУБИ ВЕЛИ ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ РАЗВИВА ПРОЕВРОПСКО КРИЛО
Првиот вицепремиер Артан груби денеска пред медиуми, одговарајќи на новинарско прашање дали власта ги има потребните 80 пратеници за евентуалните уставни измени според францускиот предлог, рече дека го радува тоа што „во редовите на опозицијата се развива едно проевропско крило“.
- Нашите секојдневни контакти со опозициски пратеници, ми влеваат оптимизам дека тие ќе го поддржат тоа и гледаме веќе развивање на едно проевропско крило и во опозицијата, што ме радува многу, затоа што имаме потреба од опозиција која што е евроатлантски ориентирана, посебно во овие предизвикувачки времиња за државата, рече Груби пред новинарите.РКЕ ПОБАРА ОД БЕГ ДА ГИ СТОРНИРА ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА ПАРНО
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август. Наместо 15, биле поскапени за 40 отсто, а во нив не биле вкалкулирани државните субвенции.
„Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Во нив не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава Владата и од тие причини имаме зголемени сметки. Со цел да се избегне непријатната ситуација, РКЕ бара БЕГ да испрати нови сметки со вкалкулираната субвенција“, рече БислимовскиЧИТАЈТЕ УШТЕ
Не престануваат проблемите на градежната компанија „Бетон“ Скопје.
Откако компанијата вчера преку берзата извести дека за неа оваа година е најтешка од историјата на постоењето, како и дека за тоа многу придонеле некоректниот однос од Јавното обвинителство, Народната банка нао и од други државни институции, Берзата, пак, одлучи да ја стави градежната компанија на нејзината специјална Листа за набљудување, поради, како што објаснуваат оттаму, со блокирана сметка.