06 Октомври, 2024
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Борел потсети за уставните измени, но и порача дека Лавров ќе слуша зошто Русија е изолирана

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

ПОЧНА САМИТОТ НА ОБСЕ

Освен Украина и балтичките земји и Полска нема да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, поради доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Полска денеска соопшти дека нема да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Скопје поради тоа што е поканет  Лавров.

Полскиот министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек изјавил дека нема да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) кој почнува утре, ниту пак ќе испрати некој од своите заменици во Скопје, јавија светски агенции.

„Едноставно не можеме да го игнорираме фактот дека рускиот министер за надворешни работи ќе биде присутен на масата на организацијата која треба да гради мир и безбедност во Европа“, кажал полскиот министер.

Нарекувајќи го присуството на Лавров „неприфатливо“, Шинковски вел Сек додаде дека Полска го дели ставот на балтичките земји кои претходно најавија дека ќе го прескокнат состанокот на ОБСЕ.

Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, откако посочи дека често е во Македонија годинава, остро го искритикува рускиот претседател Владимир Путин. Порача дека Лавров ќе седи и слуша, а потоа да се врати во Кремљ и да пренесе зошто е Русија изолирана. 

ЌЕ ИМА ЛИДЕРСКА

Премиерот Димитар Ковачевски закажа лидерска средба за понеделник.

Тој вечерва изјави дека лидерската средба за договор за изборите ќе се одржи во понеделник на која треба да учествуваат сите парламентарни партии и собранискиот спикер Талат Џафери. 

„На лидерската средба ќе разговараме за евроинтегративниот процес на земјата, за одржувањето на редовните парламентарни и претседателски избори но и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, рече Ковачевски. 

УШТЕ ТРАЕ ПОТРАГАТА ПО ВАЊА

Лажна вест е дека Вања е пронајдена, велат за Фактор од Министерството за внатрешни работи.

Претходно еден македонски медиум објави дека наводно девојчето е пронајдено во еддна соседна држава.

Во меѓувреме и официјално стигна демантот од полицијата. 

УПАСЕН ЧОВЕКОТ КОЈ ПОСТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ ПРЕД ЦРКВАТА НА ПОПОВА ШАПКА

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Овој човек се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Родовиот јаз во вработеноста во Европската унија сè уште опстојува. Разлики меѓу вработеноста кај мажите и жените била регистрирана и во 2022 година, објави европскиот статистички центар „Евростат“. 

АД ЕСМ ja прогласи набавката на увозен јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј за „деловна тајна“ која не сака да ја сподели со јавноста.

Во светот постојат многу земји со низок стандард, каде жителите за да купат храна на дневно ниво трошат по два долари.

Управата за јавни приходи изготви решенија за блокирање на сметките на осум компании кои не го платиле солидарниот данок, по изминувањето на последниот законски рок на 24 ноември.

М-НАВ останува да биде државна компанија, природен монопол, со европски плати. За минатата година од вкупните приходи кои изнесувале 21,12 милиони евра на плати се потрошени 15,8 милиони евра. 

Преку Берзата вчера помина блок трансакција со акциите на Стопанска банка Битола. За познат купувач во еден наврат се продадени 1.687 акции, по цена од 2.450 денари за акција, со што за вкупната зделка е платена сума од 4,1 милиони денари. 

На прагот на претстојниот самит на ОБСЕ, кој ќе се одржи во четврток, Владата преку Министерството за труд и социјална политика донесе препораки според кои, приватниот сектор во градот Скопје,а посебно оние правни лица кои гравитираат во реонот Карпош и кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“, денес да работат со скратено работно време, односно до пладне, а утре воопшто да не работат.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица