ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 22:27
ОСТРИ ЗБОРОВИ НА РЕЛАЦИЈА СОФИЈА-СКОПЈЕ
Бугарските власти денеска реагираа дека Бугарија нема да толерира говор на омраза, лични напади и намерно поткопување на односите меѓу земјите.
Министерството за надворешни работи на Бугарија го осудува поткопувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од страна на Скопјe и неприфатливиот и навредлив јазик на Христијан Мицкоски, премиерот на Северна Македонија, кон министерот за надворешни работи Георг Георгиев, објави БГНЕС.УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ПОЖАР
При вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје попладнево забележале црн чад, при што затекнати се две лица кои запалиле кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).
Вчера тројца малолетници се фатени како подметнале пожар, се работи за странски државјани.
ДЕТЕТО ОД НОВО СЕЛО Е ОДНЕСЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВОЗа снимката со врзаното дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело - Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик.
„Детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство. За осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето“, велат од ОЈО.ЗА ПРВПАТ ЌЕ ИМА МУЗИКА ВО КОЧАНИ
Во сабота по повод големиот христијански празник Петровден, во Кочани, ќе се одржи прослава на патронот на градот - Петровден. Според достапниот план за петок и целиот викенд, се очекува настап и на културни друшта но и на македонски музички групи и ѕвезди.
Граѓаните со големо негодување реагираа на овој настан, со оглед на тоа што градот се уште е во голема тага за трагедијата што се случи во дискотеката Пулс, но градоначалникот тврди дека на сите им е потребно малку музика.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Еден тим од Четата за атомско биолошка и хемиска одбрана е ангажиран за собирање податоци за утврдување на квалитетот на воздухот од запалениот отпад во реонот на Визбегово, во Општина Шуто Оризари, информираше Генералштабот на Армијата.Комисијата за жалби по јавни набавки ги одби сите приговори на трите оператори конкуренти кои учествувале на огласот за технолошко чистење на РЕК Битола, откако ЕСМ претходно донесе одлука да ја прифати понудата на фирма која била регистрирана на два месеци пред објавувањето на повикот во вредност од 2,5 милиони евра.
Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура Кратово предизборно ќе прима хонорарци - Потпиша договор со Реалност-06, агенција за привремено вработување од Прилеп во вредност од 2,8 милиони денари.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




