19 Декември, 2025
0.0505

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четири пожари беснеат во Македонија

Објавено во: Македонија 11 Август, 2025 22:23

Добивај вести на Viber

ЧЕТИРИ ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО ЗЕМЈАВА

До 21 часот вечерва, Македонија брои 12 пожари на отворен простор, од кои четири и понатаму беснеат и горат опасно блиску до шумски и населени подрачја, а осум се локализирани и изгаснати. Најтешка е состојбата во Националниот Парк „Јасен“, каде пламенот проголтува делови од мешана шума, заканувајќи се да зафати поголем дел од заштитената територија.

Во општина Теарце, кај самото село, огнот брзо се шири низ ниската вегетација, поттикнат од топлото и суво време, додека во село Радуша, општина Сарај, пожарите навлегуваат во делови со сува трева и мешана шума, што дополнително ја зголемува опасноста од проширување. Тешка е и состојбата во кичевскиот регион, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде густата мешана шума веќе трпи сериозни штети.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА РЕСТОРАНИТЕ И ТРАНСПОРТОТ ЈА ЗГОЛЕМИЛЕ ИНФЛАЦИЈАТА

Најголемите генератори на инфацијата се услугите во целина, смета премиерот Христијан Мицкоски.

„Ако ги исклучиме храната процесуирана и останатиот дел производи кои се дел од тој синџит, како зеленчукот и така натаму, ќе видиме дека најголемите генератори на оваа инфрлација се транспортните услуги и генерално услугите во целина. Да речеме ресторанските услуги се зголемени за една година околу 24-25 отсто зголемени. Истото важи и за транспортните услуги. Кај овошјето имаме зголемување, кај јаболките, лимоните, бананите и така натаму. Одиме детал по детал додека да одлучиме што понатаму. Нашата пракса покажала дека ако само ја ограничиме маржата на одредени произвори, таа се прелева во следниот месец и на крајот се нивелира. Не сакаме да паднеме во таа замка. Ги следиме и земјите од регионот, каде секаде е зголемена инфлацијата и секаде е поради услугите“, рече Мицкоски.

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ВЕТУВА „ГЕНЕРАЛКА“ НА СКОПЈЕ

Орце Ѓорѓиевски во денешното интервју за МИА вели дека прво што би направил е „генералка“ на градот доколку победи како градоначалник на Скопје на локалните избори.

- Значи не би рекол дека е проект, но прво што недостасува на нашиот град е да направиме една голема генералка, да се исчисти градот затоа што состојбата во која што се наоѓаме денес, не ја отсликува реалноста што ја сакаме ние како скопјани, нашата желба, и она што е нашиот главен град. За жал, последниве години Скопје е претворено во една голема депонија. Затоа, јас честопати тоа го говорам, на моите телевизиски гостувања, дека првата работа што ќе ја направам ќе биде генералка. И она што во првиот момент ќе треба да го решиме, е јавниот сообраќаен транспрот. Имаме план, имаме концепт. За многу скоро време, откако ќе ја преземам позицијата градоначалник на градот Скопје, ќе ги ставиме тие две работи во ред, односно тоа е и најголемиот проблем којшто го имаат и се соочуваат сите наши граѓани во изминатов период. Впрочем, најголем дел, најголем процент од граѓаните го истакнуваат ова како сериозен проблем, и нешто со коешто ќе треба од старт да се занимаваме. Затоа велам, од старт, веќе во првиот ден од моето влегување во градот Скопје, една голема генералка, чистење сериозно на градот, рече актуелниот градоначалник на Кисела Вода.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ дополнува дека ќе има и построги казни за лицата кои се однесуваат несовесно со јавната средина. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Асмедин Јахоски, директорот кој го води фамилијарниот бизнис на Пуцко Петроол, од минатата недела е управител и на компанијата Пацифик Петролеум на Ерџан Сулкоски од Кичево.. Ова значи дека семејството Јахоски, како сопственици на третиот најголем нафтен бизнис во земјата, повеќе не го ни кријат партнерството со Сулкоски.

Во нашата земја е речиси невозможно семејство да живее само со една плата, но консултиравме и луѓе од различни земји, со цел да ни објаснат дали е можно кај нив семејство да опстане со една плата. Нашите соговорници велат дека и во нивните држави, со една плата семејството не може да ги задоволи сите потреби, затоа што трошоците за живот се високи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот