26 Ноември, 2024
0.0359

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска над 600 заразени, Спасовски позитивен на коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМА 628 ЗАРАЗЕНИ СОКОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.

Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ Е ПОЗИТИВЕН

Министерот за внатрешни работи Оливер Псасовски објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека вече е во домашна самоизолација.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, напиша министерот синоќа на Фејсбук.

НОВИ ЧЕТИРИ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО

Четворица нови пратеници влегуваат во Собранието. 

Станува збор за Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, и Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од Коалицијата „Можеме“. Информацијата денеска ја потврдија од Државната изборна комисија.

Тие доаѓаат на местото на Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам Реџепи од ДУИ и Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ, кои последниве два дена си поднесоа оставки. 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески објави фотографии со нив и им поскапа успех.

Денеска оставките им беа верифицирани на собраниска седница.

АНГЕЛОВ ШОКИРАН ЗАТОА ШТО ПОЧИНА ПРИПАДНИК НА „ТИГРИТЕ“

Генерал Стојанче Ангелов се прости од поранешниот припадник на Тигрите, Игор Ангеловски, кој почина од ковид.

Како што објави Фактор, тој немал ниту еден коморбидитет. 

„Од Ковид 19 почина Игор Ангеловски - Гиле (41) поранешен припадник на т.н. единица "Биди Тигар", формирана во втората половина на 2001 година во склоп на ЕСЗ Тигар.

Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот на последната техничка влада. Претходно работеше во Единицата за специјални задачи на МВР „Тигар“, беше инструктор во Центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор во крим. техника во СВР Велес. Исто така беше и инспектор за обeзбедување на ВИП личности и објекти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Повторно нема правда за угостителите. Иако Комисијата за заразни болести препорача после 23 часот да не смеат да работат сите економски оператори, на крај Владата „пресече“ дека оваа рестрикција ќе важи само за локалите, кафе баровите и рестораните.

Земјоделството како една од најзастапените гранки во македонската економија се соочи со сопствени предизвици со корона кризата.

Еден од најпознатите македонски бизнисмени Кирил Лазаров, сопственик на националната агенција за обезбедување на лица и имот „НИКОБ“, која воедно е најголем домашен работодавач во Македонија, е основач на три компании во еден ден. Во друштвата за трговија со гас, производство на електрична енергија и трговија со опрема, младиот струмички бизнисмен е или сопственик или управител, а сите се регистрирани на иста адреса.

Меѓу вчерашната црна бројка од 15 починати, е и 41-годишниот Игор Ангеловски од Велес, кој со Ковид-19 се борел повеќе од 20 дена. Од велешката болница за Фактор изјавија дека кај нив бил хоспитализиран на 7.октомври, но по една недела, откако состојбата му се влошила, пациентот итно бил префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Најверојатно во првите денови на ноември, кабелските оператори во земјава повторно ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, што ќе значи информативен мрак за гледачите. Или, нив да им остане за гледање само МТВ, односно јавниот сервис.

По сè полошата епидемиолошка состојба во Македонија, целосна мобилизација најавија здравствените власти и во однос на проширување на болничките капацитети, и во однос на зголемување на бројот на тестирањата, но и во однос на вклучување во дежурствата во болниците на приватните интернисти кои соработуваат со Фондот за здравствено осигурување. Состанокот со нив е договорен за утре, точно напладне.

Преведувачите кои преведуваат од македонски на бугарски јазик и обратно, велат дека тоа што одредени структури во Бугарија го спорат македонскиот јазик е политички, а не реален проблем.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили