18 Декември, 2025
0.1110

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Џафери не се извини на службениците, туку ги искара

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2022 21:14

Добивај вести на Viber

ТАЛАТ ЏАФЕРИ НЕ СЕ ИЗВИНИ

Брифингот на собранискиот спикер Талат Џафери не ги донесе одговорите што од него ги очекуваше јавноста. 

„Ако некој мисли дека собраниската служба треба работното време да го помине на ул. Македонија, наместо на работното место, тогаш граѓаните немаат потреба од таква служба“, рече денеска на брифингот првиот човек на Собранието. 

Како што веќе граѓаните имаа прилика да чујат, спикерот беше снимен како им се обраќа со погрдни зборови на собраниските службеници. 

Тој денеска кажа дека не чуствува потреба да се извини во врска со овие снимки. 

„Ако некој мисли дека ќе ја пуштам службата да не работи, се лаже. Имаат осум часа работно време и толку треба да се на работното место”, кажа Џафери на брифингот.

Инаку, тој денеска на брифингот тврдеше дека пцовките не биле кон вработените, туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат. 

РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ПОЗДРАВИ ПРИЗНАВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА

Руската православна црква го поздрави признавањето на афтокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.

„Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква“ изјави протојереј Николај Балашов,.заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, 

Гласноговорникот најави дека на следниот состанок на дневна точка ќе се најде прифаќањето на оваа одлука, според која бездруго сите помесни православни цркви според каконскиот ред се повикани да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

ПУТИН ЌЕ ИМ ДАДЕ РУСКИ ДРЖАВЈАНСТВА НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЗАПОРОЖЈЕ И ХЕРСОН

Жителите на Запорожје и Херсон ќе добијат руски државјанства. 

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за поедноставување на доделувањето државјанство на Руската Федерација на жителите на регионите Запорожје и Херсон во Украина. Тие се под контрола на руските сили. Информацијата е објавена на официјалниот интернет-портал за правни информации.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Разговорите преку фиксна линија продолжуваат да се намалуваат. Податоците кои ги објавува Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година во четвртиот квартал преку фиксна линија биле остварени 30.860 илјади минути разговор.

Не запира растот на потрошувачките и станбените кредити. И покрај кризата, граѓаните не размислуваат дали да земат кредит за да задоволат некоја тековна потреба, или, пак, за да купат стан.

Штетата од минатогодишните пожари, пред се оние кои ја зафатија земјата во текот на август лани и се гасеа со меѓународна помош, предизвикаа загуба по шумскиот фонд од 40 милиони евра. Ова го потврдува ЈП „Национални шуми“ во штотукуобјавениот годишен извештај за својата работа во 2021.

По денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, портпаролот, д-р Злате Мехмедовиќ подетално информираше за следните чекори во однос на новата болест која се шири низ повеќе европски земји, односно мајмунскте сипаници.

Утринава во скопската населба Тафталиџе, на семафорите кај супермаркетот Веро се случи страшна сообраќајна незгода. Се судрија БМВ и мотор, а од фотографиите кои ги направи Курир. мк, се гледа дека моторот е целосно уништен и е буквално под возилото.

„Војна е девојка која нема милост ниту за еден свој љубовник“ е стих за паметење кој брутално реално ја потврдува најпоразителната статистика. А таа покажува дека просечно дневно во Украина, во овие 90 дена, гинат околу 290 цивили и војници од двете страни.

Штетата од минатогодишните пожари, пред се оние кои ја зафатија земјата во текот на август лани и се гасеа со меѓународна помош, предизвикаа загуба по шумскиот фонд од 40 милиони евра. Ова го потврдува ЈП „Национални шуми“ во штотукуобјавениот годишен извештај за својата работа во 2021.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери