ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фон Дер Лајен сака да ја види Македонија во ЕУ, но дел од европските дипломати имаат поинаков став
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2021
ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЈА ОХРАБРУВА МАКЕДОНИЈА ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЕУ
Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција со шефицата на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен изјави дека ќе ги интензивираат разговорите со Бугарија, но идентитетските прашања не можат да бидат тема на разговори.
Вели дека остануваме посветени на европската иднина. Рече дека посетата на Фон Дер Лајен е охрабрување да продолжиме по тој пат.
Таа вели дека иднината на Македонија е во ЕУ.
„Ве сакаме кај нас, ЕК и самата јас стоиме на тоа. Вие постигнавме извонреден напредок и донесовте храбра одлука, и сега ЕУ треба да испорача“, рече Фон Дер Лајен.
Вели дека сега треба да се опорави економијата која беше парализирана поради пандемијата. Нагласи дека донираа вакцини за Македонија. Фон Дер Лајен повика на масовна вакцинација.Во Скопје денеска полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата, потврдуваат од MВР.
Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда.
ДИПЛОМАТИ ВЕЛАТ ДЕКА ЕУ НЕ МОЖЕ ДА ГАРАНТИРА ЕВРОПСКА ИДНИНА ЗА БАЛКАНОТ
Европската Унија (ЕУ) повеќе не гарантира европска иднина за Балканот.
Поради страв од можни политички реакции во земјите – членки, ЕУ повеќе не може да се согласи дека гарантира за идно членство на шестте балкански земји, а меѓу нив и Македонија, пишува „Ројтерс“, и се повикува на четворица дипломати и еден документ.
На претстојниот самит закажан за 6 октомври, ЕУ планира во изјавата да наведе дека Унијата ја реафирмира својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива за Западен Балкан“. Сепак, земјите членки и по две рунди разговори, сѐ уште не постигнале согласност за оваа формулација.
Застојот во разговорите околу декларацијата е нова пречка за ЕУ пред самитот, кој требаше да ја зацврсти посветеноста на ЕУ на стратегијата според која на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Албанија им беше ветено дека ќе станат дел од европското семејство, пишува „Ројтерс“.ДЕНЕС НАД 460 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид - 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2, Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово - по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево – по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4, Пробиштип и Ресен – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 5 починати лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 починати лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г), по едно починато лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.ФРЧКОСКИ Е ПРЕДЛОЖЕН ЗА АМБАСАДОР ВО ОН
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска потврди дека во законодавниот дом е пристигнат предлог од Министерството за надворешни работи за професорот Љубомир Фрчкоски да биде амбасадор на Македонија во Обединетите нации во САД.
- За Љубомир Фрчкоски доставен е предлог од МНР, истите се доставени до Комисијата за надворешни работи, но засега не е свикана седницата, рече денеска Џафери пред новинарите.
Тоа е потврда на претходните гласини дека поранешниот министер за внатрешни работи ќе биде шеф на македонската мисија при Организацијата на Обединетите Нации (ООН) во Њујорк.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.