ФАКТОР НА ДЕНОТ: Франција има предлог за тргање на бугарското вето, во двете земји веќе има реакции
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2022 21:21
РЕАКЦИИ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА КРЕВАЊЕ НА ВЕТОТО
Бугарскиот премиер Кирил Петков до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, пишува БГНЕС.
Има политичка волја Бугарите во земјава да бидат внесени во нашиот Устав, но тој не може да се отвори и измени за една недела, туку за околу сто дена. Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија.
Ова го кажа претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Жан Мишел во Охрид.Францускиот предлог значи или бугаризација или нема ЕУ, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Само интервју на Канал 5.
Го оцени предлогот како лош и негативен. Мицкоски побара итна средба со целиот државен врв за заедно да постават траекторија по која Македонија треба да се движи.
„Тоа значи дека или ние ќе се асимилираме, бугаризираме или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ова е нокаут за македонската дипломатија. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Да се уценува Македонија- земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус“, рече Мицкоски.Во Бугарија веќе има оценки за францускиот предлог кој е со цел Македонија и Бугарија да се договорат, а источниот сосед да го тргне ветото за старт на преговори.
„Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор“, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов.ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА КОМАНДИРОТ НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО
Утрово на паркингот пред затворот во Идризово било опожарено возилото на командир вработен во скопскиот затвор во Идризово. Како што информира Аваз.мк, возилото било паркирано на паркингот додека командирот бил на работа. Счучајот е пријавен во полиција. Екипите на МВР се на местото на настанот, се врши увид.
Во текот на неделава имаше полициска акција за утврдување на одговорност за вработените во затворот Идризово кои не покажале будност односно замижале пред феноменот внесување ладно оружје, наркотични средства, мобилни телефони и други забранети предмети.МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ПЛАНИРААТ ДА ОТВОРАТ КЛУБ НИКОЛА ВАПЦАРОВ
Здружението на Македонци во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин ја поддржуваат иницијативата за отворање на културен центар на Македонците во Благоевград.
Клубот ќе го носи името на големиот македонски поет од Пиринска Македонија, Никола Вапцаров. Тие очекуваат помош од македонските власти, а отворањето ќе биде или на Илиден или во септември.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




