ФАКТОР НА ДЕНОТ: Францускиот предлог стигна во Софија, реакции има и во двете држави
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2022 21:29
ОБЈАВЕНИ ДЕТАЛИ ОД ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
За Скопје – јазикот, за Софија – Уставот.
„360 степени“ дојде до т.н. француски предлог за следните чекори во пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија и ѝ го става на увид на македонската јавност. Всушност, станува збор за пакет од неколку документи, од кои два се најсуштествени – предлог-преговарачката рамка и предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за состанокот идната недела.
Првиот впечаток е дека станува збор за сет од документи во кои француското претседателство со ЕУ се обидело да направи баланс меѓу главните барања (црвените линии) на двете страни.МАКЕДОНСКИ ПЛАТЕНИЦИ ЗАГИНАЛЕ ВО УКРАИНА
Русија објави дека и македонски платеници загинале во Украина.
Податоците од Министерството за одбрана на Русија објавени на редовниот брифинг со новинарите утрово покажуваат дека станува збор за 21 лице.
Од 24 февруари, во Украина се регистрирани 79 платеници од Македонија, од кои 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов има уште 39, покажува деталната табела по држави објавена од Министерството.УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ СТАТУС КАНДИДАТ ЗА ЕУ
Европската комисија предложи кандидатски статус на Украина за членство во Европската унија, објави претседателката на телото Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека тоа имплицира посветеност на земјата на серија реформи.
„Украина јасно ја покажа својата аспирација да стане членка и решеност да ги прифати европските вредности и стандарди“, изјави Фон дер Лајен за новинарите во Брисел.
Изјавата ја даде претседателката на ЕК облечен во боите на украинското знаме, жолта и сина.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6




