17 Декември, 2025
0.0408

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инцидент во Собранието, Арбр Адеми го удри Милошоски

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2022 21:36

Добивај вести на Viber

СКАНДАЛ ВО СОБРАНИЕТО

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа тензична атмосфера во Собранието. 

„Вака се однесува претседателот на КЕП!Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите” од власта!, пишува тој. 

Имаше навреди, раправии, а Арбер Адеми од ДУИ, пцуеше, замавна и удри некој од пратениците. 

ПАРТИИТЕ СО РЕАКЦИИ

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ создава тензии во Собранието, во надеж дека ќе се спасат од одговорност за криминалот, но наведуваат дека тоа нема да се случи, и сите ќе одговараат. 

Според нив, секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии, а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека насилие, физичка пресметка, недоличен речник е вистинската слика за криминалната власт на СДСМ И ДУИ. 

За денешниот инцидент во Собранието се јавија и од Демократската унија за интеграција(ДУИ). Тие најостро го осудува, како што велат во нивното соопштение, насилството што денеска на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО- ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.

НЕФИ УСЕИНИ И БРАТ МУ ДОБИЈА ОСЛОБОДИТЕЛНИ ПРЕСУДИ

Ослободителна пресуда доби охридскиот бизнисмен Нефи Усени. 

Советникот на ДУИ во Советот на Општина Охрид и познат бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, добија ослободителна пресуда  за насилството врз нивниот сограѓанин Спиро Топаловски, што се случи пред 2 години пред охридски хотел.

ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ТЕПАШЕ РОМ ДОБИ ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР

Полицаецот кој пред две години тепаше Ром во Битола доби една година затвор, соопштија од Македонското здружение на млади правници. Скопскиот кривичен суд во повторената постапка го прогласил полицаецот за виновен, откако Апелациониот суд ја укина пресудата и го врати случајот на повторно одлучување.

РКЕ ГИ ОБЈАВИ ТАРИФНИТЕ БЛОКОВИ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави тарифните блокови за новите сметки за струја, а во среда ќе ги објави и цените. 

Идејата е тие што трошат повеќе да плаќаат поскапо. Скалестото тарифирање би требало да се однесува само на потрошената електрична енергија во висока (скапа) тарифа. Според денеска презентираните информации, би требало се воведат четири блока. Најскапа струја ќе плаќаат оние кои трошат повеќе од 1 050 kWh електрична енергија во скапа тарифа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Сместување за двеста евра за четири лица, или пак за 150- 160 евра за три лица на повеќе локации во соседна Грција може да се најде во специјалните понуди на туристичките агенции. Доколку некој може во краток рок да ги спакува куферите може да најде многу поевтини понуди од вообичаените.

Откако Владата го стегна ременот и донесе мерки на штедење во услови на голема економска криза која што се продлабочи со војната во Украина од средината на март, најголемите договори за јавни набавки се од сферата на енергетиката. Големи тендери за инвестиции и други трошења од 15 март па наваму се ретко забележливи во системот за јавни набавки, а најчесто доминираат суми од 1 до 10 милиони денари.

Малопродажната цена на дизелот е како народната мудрост за сармата... Во оваа сарма месото е за државата, а зелката е за сопствениците на бензинските пумпи... фер ли е? Проценете сами!

И покрај тоа што дел од експертската јавност алармира на ризик од зголемување на бројот на случаи заразени со мајмунски сипаници, особено поради зачестените патувања во текот на летниве месеци, епидемиологот, д-р Александар Стојанов во разговор за Фактор вели дека е далеку помала опасноста од оваа болест и можноста за развој на епидемија на мајмунски сипаници, отколку што повторно може да се разгоре корона вирусот. 

Украинците не ги сакаат руските и белоруските лидери, а омилени странски политичари им се полскиот претседател Анжеј Дуда и британскиот премиер Борис Џонсон. 

фото Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски