23 Ноември, 2024
0.0385

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Историчарите не се договорија за Гоце Делчев, денес има нови 438 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

НЕМА ДОГОВОР ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Продолжија разговорите на темите на кои беше застаната работата, вели историчарот Драги Ѓоргиев од мешовитата комисија. 

Имало интензивни и напорни дискусии овие два дена. 

„Мораше да се утврди динамиката понатаму на комисијата. Договорено е до крајот на оваа година да има уште една средба и за следната година договорени се уште пет среби доколку дозволи ситуацијата околу ковид вирусот“, рече Ѓоргиев. 

Разговарале за учебниците за 6 - то одделение во бугарскиот образовен систем и за личност на Гоце Делчев. 

Вели дека има напредок за учебниците, а за Гоце Делчев имало на маса нови идеи. Но, детали не соопштија за какви идеи станува збор. 

Бугарскиот историчар Ангел Димитров вели дека овие два дена биле како времето, сиво.

Бугарските историчари имале 14 забелешки за македонските учебници. 

ДЕНЕС ИМА НОВИ 438 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти од: Скопје-85, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-10, Битола-4, Кавадарци-7, Гостивар-5, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-21, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1. 

Во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).

ПРЕДЛОЖЕНИ НОВИ РЕСТРИКЦИИ

По еваулацијата на состојбата со бројот на новозаразени во текот на викендот, министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека доколку има потреба, в понеделник до Владата ќе предложат дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот.

-Со овие мерки таргетираме места каде има групирање и влијаеме на повеќе места да се намали ризикот на трансмисија. Доколку продолжи овој тренд на зголемување на случаи овој пакет на мерки заедно со претходниот сериозно ќе ја редуцира можноста за трансмисија на вирусот, рече Филипче.

Истовремено, претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски информираше дека ваквата епидемиолошка слика, со огромен број на новозаразени, од кои највисокиот процент е на возраст од 20 до 39 годиени е директна последица од неодамнешните журки, концерти, места каде има забави и каде никаде не се почитуваа мерките за заштита.

МАКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Од мал беше капетан на трите брода на  базиликата од   храмот „Свети Никола“. Кога пееше на неделната или празничната миса, оживуваа сите ликови од волшебните иконостаси на Гарката и на Станишев. Иконите на зографот Михаил го поздравуваа со долг аплауз. Исчезнуваа лузните на црквата   од   илинденскиот палеж  во 1903 година.  Никола и Домника не забележаа ниту еден фалш кај својот син.

Во семејството на Тоше, сите се толку музикални, што е многу тешко да се одреди од каде е наследен музичкиот ген. 

НАРОДНА БАНКА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ПРОПАЃАЊЕТО НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Oд Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијa за Фактор потврдуваат дека е пристигната кривична пријава за лица поврзани со Еуростандард банка. 

„Истата е пристигната на 9.10.2020 година, а е распределена кај надлежен јавен обвинител на 13.10.2020 година. Обвинителот ги проучува наводите содржани во предметната пријава, по што ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката. Со оглед на краткиот период од распределување на предметот во работа, обвинителството нема детали што би можело да ги сподели со јавноста во оваа фаза“, велат од ОЈО.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

По вчерашните 535 новозаразени и 6 починати пациенти, како и рекордни 461 хоспитализирани пациенти во болниците низ цела Македонија, денеска Комисијата за заразни болести на редовниот состанок ќе одлучува дали ќе има нови рестритивни мерки, освен оние кои ги предложија минатата недела, а за кои Владата одлучи дека прво треба да се направат законски измени за да може да стапат на сила. 

Комисијата за заразни болести в понеделник, по редовниот состанок ќе имаат и средба со премиерот Зоран Заев, на кого ќе му предложат одредени рестриктивни мерки, истакнуваат извори на Фактор од Комисијата за заразни болести.

По еваулацијата на состојбата со бројот на новозаразени во текот на викендот, министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека доколку има потреба, в понеделник до Владата ќе предложат дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на ограничување на капацитетот до 50 проценти во јавниот превоз, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот.

Јас не знам против кого се поднесени кривичните пријави бидејќи досега не сум добил никакви документи, но претпоставувам дека тоа е против нас двајцата акционери во банката, односно против мене и мојот син Коста Kостовски, изјави за Фактор еден од сопствениците на Еуростандард во стечај, Трифун Костовски. 

Комората на извршители има ново раководство. Претседател стана Ванчо Марковски, на местото на досегашниот прв човек Зоран Димов. Оваа промена вчера беше евидентирана во Централниот регистар на земјава.

На безмалку педесетина извозно ориентирани претпријатија вчера од страна на Владата им беше одобрена финансиска помош од 53,4 милиони евра според Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Зошто фракинг индустријата е важна за САД особено по доаѓањето на власт на Трамп кој се фалеше дека ќе отвори нови работни места со ископ на јаглен и стимулирање на фосилните горива игнорирајќи ги предупредувањата за засилена климатска криза и неопходноста од преземање на климатска акција?

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР