29 Јуни, 2024
0.0285

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Конечно постигнат договор, минималецот се зголемува на 18.000 денари

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ ИЗНЕСУВА 18.000 ДЕНАРИ

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека минималецот се зголемува на 18.000 денари. 

Вели дека е постигнат договор на задоволство на сите засегнати страни. Ковачевски додаде дека во време на финаниска несигурност остануваат посветени и ќе работат во интерес на граѓаните. 

Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека добивката денес не е само зголемувањето на минималната плата, туку и зголемувањето на сите други плати. 

ИМА 690 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И 21 ПОЧИНАТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.

КАЦАРСКА МУ ПИША НА ЏАФЕРИ, ОД КАБИНЕТОТ ДАДОА ОДГОВОР

Oд кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери, соопштија дека тој го добил писмото од претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска, за проблемите во работењето на Уставниот суд.

Велат дека Собранието, во согласност со своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници во Република Северна Македонија. 

„Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања (преку изигрување на процедура и примена на методи кои што Претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста), предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд“, велат од Кабинетот на Џафери. 

Кацарска денеска испрати писмо до претседателот Џафери во кое изразува загриженост за состојбата со намалениот број на судии и побара Џафери да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако се зголемија цените на струјата и репроматеријалите, фризерите во Македонија ги поскапеа услугите. Димче Ивановски, претседател на Фризерската асоцијација на Македонија вели дека за 10 до 20 отсто скокнале цените на сите репроматеријали кои тие ги користат, почнувајќи од шампони, хидрогени, бои за коса и ред други работи. 

Потекнува од Цеље, Словенија, а сега го нарекуваат „жител на светот“, пред се заради професионалниот ангажман во најпознатите светски клиники. Во последните две години, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, изнесувајќи ги неговите ставови базирани на голем број истражувања, проф. д-р Андреј Трампуж специјалист по инфектологија и интерна медицина, кој раководи со Одделот за хируршка ингектологија во една од најпознатите европски клиники, Charite во Берлин, го запознава целата светска и европска јавност.

За пратениците и за избраните владини функционери да нема апанажа откако ќе им престане функцијата, која сега им следува со закон, со цел тие да не бидат во повластена положба во однос на другите работници во државата. Ова е идејата водилка на законските измени што ги предлагаат двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ