29 Јуни, 2024
0.0295

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвид сертификатот по прележана болест ќе трае 6 месеци, и мора да се зголеми вакцинацијата со бустер доза

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

КОВИД СЕРТИФИКАТОТ ПО ПРЕЛЕЖАНА БОЛЕСТ ЌЕ ВАЖИ 6 МЕСЕЦИ

Наместо досегашните 45 дена, ковид сертификатот по прележана болест сега ќе важи 180 дена, нова препорака на Комисијата за заразни болести, за која информираше портпаролот, д-р Злате мехмедовиќ.  Од Комисијата сметаат дека нема никаква логика и оправданост да се укинуваат сертификатите, пред се, како што рече, д-р Мехмедовиќ заради тоа што опфатот на вакцинација во земјава е околу 40 проценти, и во ниту еден момент не може да се споредуваме со држави како Данска или како Велика Британија.

-Онаму каде што сертификатите се укинати, имунитетот од вакцинацијата и со прележаност надминува 80 проценти.Во Данска е вакцинирано 85 отсто од населението, во Велика Британија 80 проценти, а кај нас двојно помалку околу 40 отсто. Не може да ги гледаме работите индивидуално, мора да видиме каква е епидемиолошката состојба кај нас и да носиме одлука.  Ако ги укинеме сертификатите за затворен простор ќе направиме голема трансмисија на вирусот.

Има промени во однос на тоа кои лица се сметаат за целосно вакцинирани, потенцираше на денешната прес-конференција на Комисијата за заразни болести, д-р Марија Димзова од Клиниката за инфективни болести и член на ова советодавно тело. Нагласи дека целосно вакцинирани ссе само оние лица кои примиле три дози од вакцината против ковид-19, односно две, а потоа и бустер.

ДЕНЕС ИМА НАД 1.700 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и  Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.

СПИРО РИСТОВСКИ ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР

Поранешниот министер Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје, за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. 

Последната одлука на Кривичниот совет е дека на осудениот Ристовски му е прифатена гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.

СТАВОВИ ЗА ЗГОЛЕМЕНАТА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, во „Студио 10“ на 24 Вести рече дека газдите ќе се соочат со кривични пријави доколку од 1 март не исплаќаат зголемена минимална плата од 18.000 денари. За тоа однапред ќе бидат писмено известени од гранковите синдикати.

Откако вчера беше објавено дека на трипартидниот состанок е зголемена минималната плата на 18.000 денари, Димовски откри дека просечната плата сега ќе се зголеми на 30.250 денари.

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, тврди дека вчера немаше да има договор за зголемување на минималната плата доколку двајцата пратеници на оваа партија не го поднесеа предлог-законот во Собрание закажан за дневен ред в четврток.

Добро утро жолти синдикалисти, порача лидерот на Левица, Димитар Апасиев утрово.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дали Русија врти на исток? Ако се гледа текот на рускиот плин веројатно да. „Газпром“ гледано според продаденото количество ја заменува Германија, најголемиот европски потрошувач, со Кина... 

Владата преку оглас ќе бира директор на Царинската управа, една од клучните институции во земјава, која ги наплаќа царините и акцизите, и контролира и се обидува да спречи царински прекршоци, шверц и други кривични дела.

Одложувањето на стартот на второто полугодие не придонесе за спречување на ширењето на корона вирусот во училиштата. Напротив, на почетокот на оваа недела, голем дел од родителите веќе пријавуваат дека нивните деца се позитивни на Ковид-19 или имаат симптоми и чекаат тестирања. 

Сѐ почесто во полициските билтени читаме за Кубанци кои нелегално влегуваат во Македонија. Кубанeц со шпански корени кој наскоро ќе ја напушти земјата, во разговор за Фактор вели дека сиромаштијата и корупцијата ги принудуваат да заминуваат во Европа.

Минчо Јорданов планира да ја продава деловно административната зграда на „Бетон“ компанијата со која раководи, а за тоа веќе е закажано вонредно акционерско собрание. 

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ