ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
ЕУ ДОНИРАШЕ ЕКО-АВТОБУСИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Во време кога Скопје мака мачи со загаден воздух, недостиг од автобуси, но и гориво за овие превозни средства, стигнаа европските автобуси, шест на број. На свеченоста, покрај евроамбасадорот Михаел Рокас, присуствуваа и министерот за животна средина, Изет Меџити, како и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Од Град Скопје информираа дека преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес е обезбедена донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси, како што велат од Градот, се значајна инвестиција во почист, одржлив урбан транспорт, со цел намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот низ градот.СКОПЈЕ И САРАЕВО МЕЃУ НАЈЗАГАДЕНИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ
Скопје попладнево е 8-от најзагаден град во светот, на листата на air visual, а босанскиот главен град Сараево е прв.
Лахоре во Пакистан и Њу Делхи во Индија е втор, односно трет најзагаден град во светот.СКОПЈАНКА НА 61 ГОДИНА СТАНА МАЈКА
Медицината повторно ги помести границите, новороденчето Петар, тешко 2,350 грама, го донесе на свет мајка од Скопје на 61 година, што ја прави највозрасната прворотка во нашата земја. Од ГАК велат дека неговото зачнување и раѓање се доказ за неверојатните можности на современите медицински методи.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев, го потврди ова како значаен успех за македонската медицина, нагласувајќи:
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, го следи примерот на некои свои поранешни колеги и ќе се обиде како претприемач во бизнис водите.
Откако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со банките е постигнат договор околу висината на каматната стапка по која ќе се пласираат средствата од унгарскиот кредит, во кој, како што нагласи, се вкучиле неколку банки, на таа тема почнаа да се огласуваат и домашните банки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.