18 Декември, 2025
0.0585

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија, Србија и Албанија ќе бараат помош од ЕУ за струјата, а од месецов патарините ќе се плаќаат со еден ТАГ уред

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2022 21:03

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА И АЛБАНИЈА ЌЕ ИСПРАТАТ БАРАЊЕ ДО ЕУ ЗА ПОМОШ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО СТРУЈА

Министерот за економија, Крешник Бектеши објави дека Македонија, Србија и Албанија ќе испратат заедничко барање до  Европската Унија за помош во обезбедувањето струја за претстојната зима.

Зааедно со премиерите Димитар Ковачевски, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и колегите министери од Србија и Албанија денеска разгледувале заеднички мерки како најлесно да ја пребродиме тешката зима која се очекува.

ПЛАЌАЊЕТО НА ПАТАРИНИТЕ ЌЕ БИДЕ СО ЕДЕН ТАГ УРЕД

Од крајот на месецов патарини во Македонија, Србија и Албанија ќе се плаќаат со еден ТАГ уред. 

Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите ќе може со еден уред да платат патарини и во Македонија, и во Србија и во Албанија.

Системот Отворен Балкан – електронска наплата на патарини (Open Balkan ETC) ќе почне да се применува од крајот на септември. Тоа значи дека еден граѓанин на Северна Македонија, Србија или Албанија, кој користи ТАГ за да плаќа патарини во својата земја, истиот ќе може да го користи за плаќање и во другите две држави кои се дел од иницијативата.

СЕМЕЈСТВОТО НА МАКЕДОН ОД ТЕТОВО ВЕЛИ ДОБИЛО САМО ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА

Владимир Димитровски, таткото на Македон од Тетово, детето генијалец, на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека и покрај сите ветувања од државата за помош  тие добиле едно големо ништо. Тој прашува што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да добие помош од државата.

,Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести со многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон. И најважното, многу ветувања: прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира, беше ветено од страна на министерот дека ке стапи во контакт со сите големи амбасади за да и тие помогнат во процесот на едукација на Македон, дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Под капата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје се најосетливата категорија граѓани, а според директорот на оваа институција, Лиридон Бафтиу, треба да се вложува многу за да се најдат најсоодветните начини да им се помогне. Во овој разговор за Фактор, тој говори за следните активности на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, како и за неговите, иако многу млад, следни активности во овој сектор од општеството.

Поранешниот заменик-министер за здравство Илир Хасани се приклучува во новите бизнис-трендови во земјата и ќе гради фотонапонска централа во Куманово, потврдува трауматологот за „Фактор“.

Шест случаи на различни убиства, или три случаи на исти убиства, биле разрешени минатата година со помош на посебни истражни мерки, и тоа следење и снимање на телефонските разговори и другите комуникации, како и следење и снимање на лица надвор од нивните домови.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери