19 Декември, 2025
0.0428

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека треба да се види дали има основ за кривична одговорност за Методологијата за попис што ја укина Уставен

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2025 22:25

Добивај вести на Viber

МОЖНА ЛИ Е КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОПИСОТ

Политичката одговорност за спроведувањето на пописот ја однесе претходната коалиција во опозиција, а треба да се види дали има основи за кривична одговорност, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговорот на новинарско прашање по работниот состанок во Управата за јавни приходи во Скопје поврзано со можноста за воведување на електронски попис.

Тој се осврна на вчерашниот одговор на пратеничко прашање и напомна дека електронскиот попис може да се направи врз основа вкрстуавање на десетина референтни бази на податоци и според насоките на ЕУРОСТАТ.

АНДОНОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ИМАМЕ КАПАЦИТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС

За можноста за спроведување електронски попис, за што денеска се осврна и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски истакна дека „имаме капацитет за спроведување“ и дека и во програмната на Владата е ставено дигитален попис да се спроведе во 2026 година.

„Свесни сме за недостатоците на пописот од 2021, за што алармиравме уште тогаш дека методологија не е добра и тоа сега се покажа со одлуката на Уставниот суд. Затоа во почетокот на април бевме задолжени од Владата да формираме работна група за дискусија кои услови треба да се создадат за дигитален попис во 2026“, рече Андоновски.

МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА БУГАРИЈА Е ВЛЕЗЕНА ВО ОПАСЕН НАРАТИВ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека Софија е влезена во опасен наратив, спротивен на стратешките интереси на ЕУ и НАТО. Тој денеска ја повика Бугарија да се однесува рационално. 

Муцунски изјави дека никој од официјалните државни претставници и никаде, не употребил говор на омраза кон Бугарија и дека е срамота во 21 век, сосед, кој е членка на ЕУ, да ја користи позицијата како алатка за редефинирање на македонскиот идентитет. 

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ НАПАД ВО ЈУЖЕН ЛИБАН

Израелската воздухопловна армија изведе интензивни воздушни напади врз објектите на милитантната група Хезболах во Либан, објави Еј-Би-Си њуз.

Веднаш потоа, уште еден удар погодил станбен објект во близина на градот Набатија, при што една жена загинала, а 11 луѓе се повредени, додека горниот кат на зградата бил срушен, според државната новинска агенција на Либан.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од охридските хотели каде има странски работници од Непал, Бангладеш и други земји, велат дека готвачите веќе научиле да подготвуваат македонски специјалитети. Им било потребно малку време додека да ги совладаат техниките за тоа како се прави тавче-гравче, сарма, мусака и друго. Странските готвачи во кујна имаат помош од македонските колеги.

Од пандемијата со Ковид-19 преку војните во Украина и Блискиот Исток и последователните економски, енергетски и безбедносни кризи се обликува новиот светски поредок кој сериозно се заканува да ги наруши постулатите вградени по Втората светска војна. 

ТЕ-ТО е најсовремена македонска когенеративна термоцентрала која паралелно произведува струја и топлинска енергија. Станува збор за високоефикасна таканаречена „џет турбина“ идеална за производство на електрична енергија за балансирање на националниот електроенергетски систем. 

Зоран Китанов, поранешниот директор на јавното претпријатие „Државни патишта“, е најверојатно најуспешниот новопечен бизнисмен поврзан со обновливите извори на електрична енергија од групата на поранешни функционери од претходната власт кои во меѓувреме одбраа да се испробаат како претприемачи во оваа дејност.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината