19 Декември, 2025
0.1962

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски кажа дека нема да брзаат со мерки против инфлацијата

Објавено во: Македонија 12 Август, 2025 22:26

Добивај вести на Viber

ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА БРЗААТ СО МЕРКИ ПРОТИВ ИНФЛАЦИЈАТА

Премиерот Христијан Мицкоски не го менува ставот дека нема да се оди со брзи мерки за справување со инфлацијата, иако како партија се свесни дека ќе платат политичка цена за тоа.

„Откако го лоциравме проблемот каде е, свесни сме дека можеби ќе има политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја платат на долг рок“, рече Мицкоски.

Вчера, тој за покачената инфлација обвини дека ако се исклучи храната, најголеми генератори на инфрлацијата се транспортните услуги и генерално услугите во целина.

ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА

Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на Армијата и Полицијата заедно со екипи на ЈП Јасен. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на ДЗС и еден полициски хеликоптер.

Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно над асфалтираниот пат кој низ ловиштето Јасен води од Скопје кон езерото Козјак, е успешно изгасната од страна на армиските Волци со што е спасена поголема површина зимзелена шума.

Пожарот над селото Свиларе е целосно изгаснат додека пожарот на територијата на селото Радуша е активен и се движи кон општина Јегуновце.

АРСОВСКА РЕАГИРА ОТКАКО СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ЧАИР

Градоначалничката на Скопје,Данела Арсовска, излезе со реакција во јавноста, откако пред четири дена беше објавено дека куќа во Чаир се запалила од кабел преку кој се крадел струја.

„Нека одморат од МВР и Обвинителство, една ко ниедна што ако се запалила, оние 159 небезбедни згради што крадат струја и вода ќе почекаат. Сега е жешко да се бркаат криминалци не се работи во лето, па ќе биде врнежливо, па ќе дојде зима. Ако не се вика Висар и брат да им е ќе одговара. Апсете наставнички во Демир Хисар, мора да се сузбие криминалот. Циркуз“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако во регионалните медиуми се појавија информации дека рачните изработки се продаваат и по цена од 1.000 евра во Хрватска, проверивме колку чинат истите во земјава.

Борче Марковски, бизнисменот од Битола кој никогаш не бил виден во јавност, со својата градежна компанија „Марковски Компани“ втора година по ред има најголема вкупна вредност на склучени тендери во државата.

Оваа лиценца остана, иако од декември минатата година, фирмата како правно лице, но и управителот Блеранд Сарачи се осомничени за затајување на данок.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот