ФАКТОР НА ДЕНОТ: Муцунски порача дека ако нема цврсти гаранции од ЕУ, нема да има уставни измени
Објавено во: Македонија 27 Август, 2025 22:03
АКО НЕМА ГАРАНЦИИ ОД ЕУ, НЕМА ДА ИМА НИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Скопје во моментов не е подготвено да ги направи уставните измени што ги бара Софија, освен ако не добие цврсти гаранции од Европската Унија дека тоа ќе биде последното вакво барање, нагласува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за политичкиот магазин „Политико“, дадено за време на неговата посета на Брисел.
- Нашиот страв е: ако ги направиме уставните измени, што ќе се случи ако за шест месеци Бугарија повторно дојде со барања поврзани со историјата, идентитетот или јазикот?, истакна Муцунски, осврнувајќи се на процесот на европска интеграција на земјава.
Тој нагласи дека Македонија е подготвена и веќе работи на сите други неопходни реформи, бидејќи тие не се само барање на Унијата, туку и потреба на општеството.СДСМ ОБЈАВИ 11 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ
Членовите на Извршниот одбор на СДСМ попладнево донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
УБИСТВО СЕ СЛУЧИ ВО КАВАДАРЦИПо информациите дека во Кавадарци се случила тепачка и убиство, на терен се полициски екипи, како и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Кавадарци кој врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот.
Во тек е прибирање на траги и докази, а првично засега задржани се четири лица. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа претпладнево од Јавното обвинителство.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




