15 Јануари, 2025
0.0295

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Направен е криминал од 6.5 милиони евра, Васко Ковачевски избегал

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

ВАСКО КОВАЧЕВСКИ ИЗБЕГАЛ OД ДРЖАВАТА

Васко Ковачевски иако е осомничен во денешната голема акција на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и МВР, сепак се дознава дека тој избегал од земјата за да не биде уапсен.

„Фактор“ неофицијално дознава дека е побегнат во Австрија, или во Хрватска, но за тоа допрва се чека потврда евентуално од Обвинителството или од полицијата.

Според информациите, осомничениот Ковачевски од октомври е надвор од државата.

Досега се приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.

ИЗГЛАСАН Е БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА

Собранието попладнево со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ЗОНАТА ВО КУМАНОВО

Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе вложи најмалку седум милиони евра и ќе отвори 200 работни места. 

Ќе инвестираат најмалку седум милиони евра и ќе отворат 200 нови работни места. Ова го предвидува инвестицијата на швајцарската „ДМ Бау АГ“ за која денеска во Владата Договор потпишаа премиерот Христијан Мицкоски и менаџерскиот тим на oваа компанија.

Инвестицискиот план ќе се реализира во индустриската зона близу Куманово. Изградбата на планираните објекти треба да почне кон крајот на првата половина од 2025 година.

ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Во Скопје попладнево се одржа протест со барање властите да донесат мерки за да се справат со загадениот воздух, кој годишно зема илјадници животи. 

Со протестен марш, кој почна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации го изразија своето незадоволство од високото ниво на аерозагадување во земјата.

„Имаме работа со комплетно неразумни политичари кои не тешат дека загадувањето не се решава преку ноќ. Колку ноќи им требаат на овие луѓе. Тоа не е ноќ, тоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив“, беше истакнато од говорниците на протестот пред парламентот.

АГЕЛЕР ВЕЛИ МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ МОЖАТ ДА НАЈДАТ ДОКАЗИ ЗА ЛИЦАТА КОИ СЕ НАЈДОА НА ЦРНАТА ЛИСТА

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција пред медиумите рече дека Стејт Департментот нема да ги сподели доказите со македонските власти што ги има против Артан Груби и Енвер Беџети, откако поранешниот вицепремиер и судијата се најдоа на американската „црна листа“.

Единственото објаснување на САД беше дека овие двајца се најдоа на оваа листа за санкционирање поради „земање мито“, но Агелер рече дека доказите, ако се сака, може лесно да се најдат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонскиот извоз изнесува 6,56 милијарди евра за периодот јануари – октомври, а наш најголем трговски партнер и понатаму останува германската економија, објави Државниот завод за статистика. На германскиот пазар завршува повеќе од 40 отсто од целиот македонски извоз во првите десет месеци годинава.

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и објавувач на голем број на потврдени и непотврдени афери на претходната власт, Димче Арсовски, станува бизнисмен со продажба на вино на познати угостителски објекти.

Од година во година, интересот за обуки за финансиска писменост во земјава се зголемува. Ова може да се види од податоците на Народната банка. Обуките ги следат лица од различни возрасни групи и бранши.  Од Народната банка се задоволни од позитивните трендови и одзивот за овој тип на обуки.

Банкарскиот сектор е меѓу убедливо најпрофитабилните бизниси во земјава, и тоа е така со години наназад, што често пати знае да предизвика и негодувања во јавноста. Но, дали компаниите и граѓаните можат без банките, и како би се развивала економијата доколку ги нема нив да ги канализираат парите. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори