18 Декември, 2025
0.0596

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од 1 август парното со нова цена, поскапува за повеќе од 14 отсто

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2022 21:19

Добивај вести на Viber

ПАРНОТО ПОСКАПУВА

Цената на топлинската енергија за Скопјани ќе се зголеми за 14,18 проценти објави претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој воедно потенцираше дека за да има парно ќе биде неопходно да работи централата ТЕ-ТО.

-Сакам да истакнам, за најголемата мрежа во град Скопје, во нашите пресметки, предвидуваме ТЕ-ТО да работи и да задоволи 70 отсто од потребите на потрошувачите, а останатите потреби другите топлани. Тоа е од причина што цената на топлнатите изнесува 9,7 и 9,8 денари, со цел да не  се прави подраматично зголемување, утврдивме цената на ТЕ-ТО да биде за речиси 2,5 пати пониска од цената на топланите. Доколку ТЕ-ТО не работи, зголемувањето на центата на топлинската енергија ќе беше далеку над 100 отсто. Без да работи ТЕ-ТО, цената на топлинската енергија значително ќе порасне, и ако не работи, односно не произведува струја, ќе имаме значително поскапување на топлинската енергија. Дополнително што мора да се обезбеди природен гас за производство на топлинска енергија – посочи Бислимовски.

Воедно претседателот на РКЕ укажа дека иако цената на мазутот, во однос на природниот гас на берзите овој период е поповолна, но не е пожелно да се користи за производство на топлинска енергија. Потенцираше дека централата ТЕ-ТО не може да работи на мазут, и дополнително мазутот би требало да биде крајна опција бидејќи со греење на мазут ќе биде еколошка катастрофа.

САЛИ ЗА „ЖАН МИТРЕВ“ ВЕЛИ ДЕКА ДОБИЛЕ 560 ОБЕМНИ ДОСИЕЈА

Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека веќе добиле материјали-досиеја од Клиниката „Жан Митрев“ за третман на пациенти со Ковид-19 преку хемофилтрација. Сали рече дека списите се обемни и дека тимовите формирани за овој случај работат на известување за секој случај посебно.

„Станува збор за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, меѓу пациентите со Ковид. Колку време ќе ни треба да ги анализираме тие досиеја, кои се обемни, морам да прифатам затоа што имаме пациенти кои престојуваат таму повеќе од еден месец. Целиот овој третман мора да го анализираат експерти, лекари, кои цел живот работат на ова. Тоа се групи формирани од четири клиники“, рече меѓу другото Сали.

МНР ЈА ОБЈАВИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОТПИШАНА ВЕРЗИЈА НА ПРОТОКОЛОТ

Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) денеска ја објави официјалната потпишана верзија  од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска на 17-ти јули во Софија го потпишаа Протоколот. Потписот на двајцата министри врз документот, кој воедно е записник од втора седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Близу 27 милиони евра добивка остварена за првата половина од годинава. Таков е финансискиот резултат на вторат по големина банка во земјава, Стопанска банка Скопје. 

Автомобилската индустрија во Европа се уште не успева да се поврати на нивоата на производство како пред почетокот на пандемијата, а упатените велат дека ова не може да се очекува ниту во следните четири до пет години.

Двојно зголемување на приходите и речиси трикратен пораст на добивката. Најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, „Макпетрол“ буквално држи лекции по успешност во бизнисот.

И покрај економската криза, во земјава невработеноста продолжува да се намалува.

Најновиот подток за јуни на Агенцијата за вработување говори дека на крајот на шестиот месец од годинава бројот на невработени се намалил на 117.801 невработен, што во однос на претходниот месец мај, е ново намалување за 2.373 невработени лица.

Големите банкарски играчи повторно покажуваат дека успешното работење им продолжува во континуитет.

Зарем некој може да негира дека е премиум инвестиција во ова лудо време да вложиш во акции на голема домашно-поседувана банка со исклучително висок фри-флоат, која успеала да направи раст на профитот за 36 отсто и добивката да и достигне речиси 22 милиони евра за шест месеци. 

Заштита на интересите на производителите на винско грозје и вино и потрошувачите на вино, подобрување на квалитетот на виното идругите производи од винско грозје и добро функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар на винско грозје и вино, се главните цели на новиот Закон за вино.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери