ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од 6.500 службени државни возила во Македонија, само 1.916 се регистрирани во Службата за државна безбедност
Објавено во: Македонија 20 Август, 2025 22:25
НЕМА ВЕЌЕ ВОЗЕЊЕ СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО НА ДРЖАВНА СМЕТКА
Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаaт со државен капитал на Државната комисија за спречување на корупција во рамки на рокот предвиден со изборните дејствија за локалните избори на 19 октомври евидентирани се 1.916 возила пријавени од страна на повеќе институции.
MИЦКОСКИ НЕ САКА ДА КОМЕНТИРА ЗА ПРЕДМЕТОТ ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС
Премиерот Христијан Мицкоски кој беше на отварање на нова хала на фирма во Кочани не сакаше да даде оценка за досегашниот тек на предметот за пожарот во кочанската дискотека Пулс.
„Се воздржувам да коментирам изминатиов период и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат работата. Колку што знам, покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, така што не би сакал дополнително да коментирам“, рече Мицкоски.МЕСЕЧНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВО НАДМИНАА 65.000 ДЕНАРИ
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507 денари, што претставува зголемување од 179 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328 денари.
Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.СЕ ЈАВИЈА ЗЕМЈИ КОИ САКААТ ДА ГО ЧУВААТ НЕБОТО НАД УКРАИНА
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави во интервју за шведските медиуми дека земјата е подготвена да ѝ помогне на Украина во областа на воздушниот надзор и поморските ресурси.
Премиерот не одговори на прашањата за испраќање копнени сили во Украина.
„Не станува збор, мислам, за преместување на многу големи единици од други земји во Украина, туку за преземање одговорност од страна на Украина за сопствената земја на начин што е толку кредибилен што Русија нема да се обиде повторно“, рече Кристерсон.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска стави потпис на две рамковни спогодби со кои се предвидува во рок од една година да се набават спортска опрема и спортска облека, за што ќе се потрошат 20 милиони денари или 325 илјади евра. Најнизок понудувач на тендерот била фирмата „Терракон“ од Скопје, градежна фирма основана во 2019 година.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




