ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 22:24
ОД ПОНЕДЕЛНИК УШТЕ 55 АВТОБУСИ ЌЕ СООБРАЌААТ ВО СКОПЈЕ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека нови автобуси ќе има на улиците од понеделник.
Најави дека од понеделник 55 автобуси плус ќе сообраќаат и уште 20 автобуси ќе има до Нова година.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици. Овој потег претставува сериозен исчекор кон подобрување и стабилизирање на градскиот транспорт. Дополнително, до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран. Но, тука не запираме. До март, во соработка со Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт, ќе обезбедиме уште 80 нови автобуси“, вели градоначалникот.ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И УШТЕ ТРОЈЦА ОДАТ ВО ПРИТВОР
На четворица од петтемина осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, Основниот кривичен суд Скопје попладнево им одреди мерка притвор од 30 дена.
Tие беа приведени во вчерашната акција во која се вршеа претреси на повеќе локации низ државата и денеска беа изведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.
Притворите на четворица од осомничените, како што информираа од Судот, им се изречени поради опасност од бегство, можноста за влијание врз сведоци и повторување на делото.ВЕАПОСКА СЕ ПЛАШИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ЗАСТАРИ
Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар. Се одложи поради оправдано отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар.
На претходното рочиште, одржано во септември, тој бараше изземање на судечкиот судија, и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола, па предметот беше разгледуван во Врховниот суд во Скопје. По одлуката да биде предметот да биде вратен во Судот во Струга, рочиштето беше закажано за вчера, но и тогаш бранителот Игор Петковски, најавил отсуство поради судење за притворски предмети.„ГРАДСКИ ВОЗ“ ЌЕ СТАРТУВА ИДНАТА ГОДИНА
Станува реалност проектот Градски воз, со реконструкцијата што стартуваше на првата делница од Зелениково до скопската железничка станица, а со ремонтните активности на железничката делница од Драчево до Илинден ќе се зголеми карго сообраќајот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Можеби ќе ве интересира
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?




