17 Декември, 2025
0.0584

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Османи даде отчет за сработеното, вели ја извлекле Македонија од балканскиот вртлог

Објавено во: Македонија 27 Август, 2022 21:23

Добивај вести на Viber

ОСМАНИ ДАДЕ ОТЧЕТ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи реферираше за сработеното во изминатиот период. 

Рече дека имавме динамичен период, и во наредниот период ќе се трудат да бидат што потранспарентни.  Вели дека е добро на две години, односно на пресек од мандатот да даде отчет. Османи рече дека кога станал министер имал неколку приоритет, и тоа добрососедски односи, добри односи со САД, ЕУ, економска дипломатија итн.  Како успех го наведе фактот дека во Бугарија е поништена Декларацијата која беше пречка за старт на преговори. 

„Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог“, рече Османи. 

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи денеска на барање на новинар даде одговор на изјавата на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој кажа дека само Деве Баир го дели истиот народ. 

ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА КАДЕ ЗАГИНА ДЕТЕ

13 годишно момче загина во Македонска Каменица по што се прогласени денови на жалост. 

По тој повод откажана е манифестацијата Каменичко културно лето. 

„Општина Македонска Каменица и јас како градоначалник изразуваме најдлабоко сочувство до семејството. По повод овој трагичен настан сите активности поврзани со Каменичко културно лето се откажуваат, а во општината се порогласува тридневна жалост”, изјави за ТВ Стар градоначалникот Димчо Атанасовски.

СРБИЈА И КОСОВО СЕ ДОГОВОРИЈА

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово. 

Велат дека тоа е добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите.    

Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи”, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес“, напиша Рама. 

foto Facebook

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери