17 Декември, 2025
0.1156

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oсмани ги посети Македонците во Албанија, а Ковачевски ги повика слободно да се изјаснат на пописот

Објавено во: Македонија 28 Август, 2022 21:25

Добивај вести на Viber

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи при посетата на Албанија, се сретна и со Македонците од Пустец

На средбите со градоначалникот Пали Колески, како и со претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјоски ги отвориле прашања кои се предизвик за локалната власт и локалното население во поширокиот регион на Пустец

„Остануваме во комуникација со Македонците во Албанија и албанските институции за прашања кои се од интерес на нивната етничка, културна и јазична посебност. Остварив средба со директорот на училиштето, во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик“, информира Османи. 

КОВАЧЕВСКИ ГИ ПОВИКА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ СЛОБОДНО НА ПОПИСОТ

Премиерот Димитар Ковачевски ќе разговара со неговиот албански колега Еди Рама за проблемите на Македонците во Албанија на престојниот самит на Отворен Балкан во Белград.

Ковачевски изјави дека нема сомневање дека Македонците во Албанија ќе можат слободно да ја изјаснат својата етничка припадност на пописот.

„Ние како држава сме секогаш присутни меѓу нив. Врз основа на пописот, секој од нив ќе може слободно да се изрази во Албанија како Македонец, нормално. Секој притисок, доколку таков постои, не треба да подлегнуваат на него, а Албанија знам дека ќе го направи пописот врз основа на сите највисоки стандарди на Европската Унија и на Евростат, сигурно дека ќе спречи било какви притисоци во поглед на било какво влијание врз било кој граѓанин, без разлика на неговата етничка припадност“, рече Ковачевски. 

РУСКИОТ ГАС ЌЕ ПОСКАПУВА И НАТАМУ

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев вели дека цената на гасот до крајот на годинава во ЕУ ќе се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. 

Тој претходно велеше дека 2022 година ќе заврши со цена од 4.000 евра.

„Во врска со поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ги зголемам прогнозните трошоци на 5.000 евра до крајот на 2022 година“, напиша Медведев на Телеграм.

СЕ ПОЈАВИЈА ИНФОРМАЦИИ ДЕКА Е УБИЕНА НАТАЛИЈА ВОВК

Полицијата во Австрија нема информации дека Украинката Наталија Вовк е убиена со 17 убоди од нож. 

Министерство за внатрешни работи не ја потврди веста што кружи по социјалните мрежи за убиството на Вовк, која е осомничена за  убиството на Русинката Дарија Дугина, ќерка на Александар Дугин, филозоф, јавна личност, и близок човек на рускиот претседател Владимир Путин. Претходно, низ социјалните мрежи и на некои медиуми се појави информацијата дека Вовк е убиена со 17 убоди од нож, а дека ќерка и исчезнала.

Русинка загина ноќта на 20 август, кога автомобилот во кој требаше да се наоѓа и нејзиниот татко експлодирал на автопатот Можајск во областа Одинцово во московскиот регион.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери