ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби притвор, платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023 21:27
ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО ВО КОЧАНИ ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР
Притвор од 30 дена доби осомничениот за убиство на жена во Кочани со над 40 убоди од нож.
Основниот суд во Кочани му одредни мерка притвор на осомничениот за свирепото убиство на 46 годишната жена. Јавното обвинителство во Кочани отвори истрага за убиство против 59 годишниот осомничен за кој се верува дека над 40 пати ја прободел со нож жртвата.
„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“, се вели во соопштението на Обвинителството.ОБВИНИТЕЛИ ЗАМИНАЛЕ ВО КОСОВО ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА
Тим од обвинители од Јавното обвинителство вчера со колеги од Косово оствариле средба заради обезбедување докази во врска со предистрагата за работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија наодите дека скапи лекарства од таму се продавале на косовскиот црн пазар.
ПЕТРОВСКА ОБЈАСНИ ЗОШТО СЕ ПРОТЕРАНИ РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ
Министерката за одбрана Славјанка Петровска истакна дека тројцата руски дипломати кои неодамна беа протерани се лица кои работеле спротивно на дипломатските правила и се обиделе, односно сакале да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.
Таа на денешната прес-конференција во Скопје со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец одговарајќи на новинарско прашање посочи дека стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и дека секој кој ќе се обиде да го попречи тој пат не може да биде пријател на државата.УАПСЕНИ ДВАЈЦА СРБИ НА КОСОВО
Ново апсење на Косово. Во селото Бањска се уапсени уште двајца Срби и запленет е арсенал оружје, информираше денеска косовската полиција.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
На македонската банкарска сцена е на повидок присоединување на две банки.
Имено, најголемата банка во земјава извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, која неодамна прослави 75 години постоење на македонскиот банкарски пазар.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




