16 Јули, 2025
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: По една година владеење Мицкоски се пофали со многу проекти, СДСМ вели дека граѓаните се соочуваат со економска криза

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2025 22:15

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО МНОГУ ПРОЕКТИ ПО ЕДНА ГОДИНА ВЛАСТ

Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од работата на Владата, одржан под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Тој додаде дека Владата ги поставила првите тули на новите темели со посветеност и љубов кон секој граѓанин, секоја заедница и секој сон. Мицкоски рече дека оваа била година на напорна работа, посветеност, враќање на довербата и стабилизација.

СДСМ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ПРЕМИЕРОТ

Од СДСМ реагираат дека денешното обраќање на премиерот Христијан Мицкоски е уште една потврда дека тој е „изгубен во сопствените лаги“, додека граѓаните се соочуваат со економска криза, нови задолжувања и пад на животниот стандард.

Според најголемата опозициска партија, тврдењата за економски напредок се неточни и спротивни на податоците од Народната банка и Евростат, кои укажуваат на инфлација, слаб економски раст и најнизок животен стандард во Европа.

МНР ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАТУВААТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции во овие земји.

„Воедно, уште еднаш апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба. Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби“, велат од МНР. 

ИРАН НАПАДНА АМЕРИКАНСКИ БАЗИ

Иран вечерва објави дека ги нападнал американските сили во воздушната база Ал-Удеид во Катар, откако новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ објавија дека се слушаат експлозии над Доха. 

„Ова е моќен и успешен одговор од иранските вооружени сили на агресијата на Америка“, објави Иран.

Иранската револуционерна гарда кажа дека лансирала проектили и кон американска воена база во Ирак.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Нова тура на конфискуван имот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и екс премиерот Никола Груевски оди на продажба со лицитација, откако Владата ја процени неговата вредност и го одобри за огласување. Првиот „продажен циклус“ одобрен на една од последните владини седници треба да донесе најмалку 3,5 милиони евра во државната каса.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд

„МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Димитров за последните случувања со Бугарија

„МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ПРИЗНАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК СО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Димитров за последните случувања со Бугарија