18 Декември, 2025
0.0460

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожар изби на Дрисла

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2025 22:34

Добивај вести на Viber

ПОЖАР НА ДРИСЛА

Постојат сомненија дека пожарот во депонијата Дрисла е предизвикан намерно, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој вели дека летово имавме рекордно високи температури, но Дрисла не се самозапали.

„Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек“, посочи Ангелов.

ВЕПАОСКА ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА НИ СИЛА, НИ ЗДРАВЈЕ ПО ОДЛОЖЕНОТО РОЧИШТЕ

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија.

На рочиштето присуствуваа двајца, од тројцата супервештаци, на што адвокатот на гинекологот Мухамед Асани, Игор Петкоски, најпрво побара од судот тимот од тројца супервештаци заедно да го презенитраат извештајот, но најпрво да биде испрашуван гинекологот Тања Гуржанова. Откако барањето му беше одбиено од страна на судијата Јордан Јованов, тој побара негово изземање, по што најави дека ќе побара изземање и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола за предметот да биде разгледан пред Врховниот суд во Скопје.

ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ГАЛЕТАНОВСКИ

Непознато лице го запалило автомобилот на претседателот на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски - Чомбе.

Опожарениот автомобил бил пријавен ноќеска, околу 3 часот по полноќ, а бил паркиран во Кисела Вода, пред зградата во која живее Галетановски.

Самиот Галетановски ја потврди информацијата, додавајќи дека имало граѓани кои го виделе подметнувачот како го пали автомобилот и бега.

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА ЗА РЕКЕТ 2

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ. Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока. Во случајот биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Предлогот на опозициска СДСМ за поддршка на винопроизводителите во форма на измена на законот за Вино е веќе во Собранието. Како што најави лидерот на пратијата, се предлагаат измени на законот, во кој е посочено дека во постоечкиот закон е уредено дека има можност за намалување од 8 отсто на откупната цена на винското грозје кога се исплаќа во рок од 7 дена по откупот на грозјето.

Учениците бараат дополнителни часови по странски јазици и математика. Цените на часовите се од 600 денари па нагоре. Приватни часови најчесто бараат децата кои покажале слаби резултати на училиште, но и оние кои се особено талентирани и се спремаат за натпревари.

Браќата Антон и Васил Миса, едни од најпознатите бизнисмени од Струга и сопственици на малопродажниот ланец маркети „Миса“, по неколку децении ќе го возобновуваат кампот „Треска“ во Радожда пред границата со Албанија, инаку некогаш една од најголемите туристички атракции во земјата.

Со големи психолошки и здравствени последици се соочува пет члено семејство, откако пожарот во скопското село Раштак им го пеплоса тоа што го создавале 12 години со свој труд и пот,. 

фото: ЦУК/Вибер група

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје