17 Декември, 2025
0.0744

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пожари во Источна Македонија, ветерот ја отежнува борбата со огнот

Објавено во: Македонија 22 Јули, 2022 21:20

Добивај вести на Viber

ПОВЕЌЕ ПОЖАРИ ИМА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Пожар избил во околината на градот Виница, но тој е ставен под контрола. 

Центарот за управување со кризи(ЦУК) објави дека пожарот што денеска се појавил на пладне во месноста Скараница, за неколку часа го изгаснале пожарникарите од Виница и дел од месни жители. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен при што искажа благодарност и им оддаде признание на пожарникарите за брзата и успешна реакција за локализирање и гаснење на пожарот за неколку часа веднаш по неговото појавување околу 12  часот. Беше зафатена површина околу 10 до 15 хектари од мешана шума и трева, а и еден овоштарник со сливи. Дежурна екипа од виничките пожарникари ќе внимава за да не се разгори. Во меѓувреме, пожар има во беровските села.  Станува збор за Будинарци и Митрашинци. Во непристапниот планински терен гори на неколку локации, пожарникари, но и вработени од повеќе институции се на терен и го гаснат пожарот од земја.

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЛИЦЕ КОЕ ОШТЕТИ 18 АВТОМОБИЛИ

МВР излезе со детали.

Денеска полициски службеници од Полициска станица Центар при СВР Скопје го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани примени во 07.25 и 07.40 часот, според кои во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар било извршено оштетување на нивните патнички возила.

„Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража“, според информациите од портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска. 

Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го брани македонскиот идентитет со собирање 150.000 потписи за референдум. 

Опозициската партија наскоро ќе почне да собира 150.000 потписи за да поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за Преговарачката рамка со ЕУ откако синоќа партијата одлучи да му даде одврзани раце на лидерот Христијан Мицкоски да ги води консултациите со експерти за дефинирање на референдумското прашање.

НЕНАД КОЦИЌ ПРИЈАВИЛ ГОВОР НА ОМРАЗА

Пратеникот од редовите на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, во полиција пријавил членови на Левица кои го нарекувале предавник.

А самата оваа информација ја сподели членот на Левица од тој град, Игор Смилев. 

Еве го неговиот пост на социјалната мрежа фејсбук. 

„Предавникот Ненад Коциќ пријавил во полиција неколумина членови од Локалниот огранок на Левица Велес за наводно ширење говор на омраза.

БЕКТЕШИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ ОЧЕКУВА ТЕШКА ЗИМА

„Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план, која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во земјава. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Растот на цените на трошоците во земјоделското прооизводство ги загрижува земјоделците, кои велат дека имаат драстично поголеми издатоци, а цените на крајните продукти им остануваат исти, поради што стравуваат дека работат со загуби.

Повторно имаме пожари во Источна Македонија, во околината на Берово, место кое и лани беше жариште.

Дури пет милијарди евра. Толку во моментов штедат граѓаните во домашните банки.

Најновите податоци што вчера ги објави Народна банка на Македонија говорат дека депозитите на домаќинствата ја пробија границата од пет милијарди евра.

Крушево има уникатна туристичка понуда која и без промоција привлекува многу туристи. Тоа е „Небескиот букет“ кој го сочинуваат најдобрите светски параглајдеристи кои редовно секоја година се соочуваат во својот витешки натпревар на небеското синило над Крушево и ја едрат цела Пелагонија.

фото ЦУК

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски