ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците ги усвоија измените на Кривичниот законик и покрај многуте критики

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2023 21:18
ВО СОБРАНИЕ ПОМИНАА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК
Со 48 гласа за, 36 против, и еден воздржан, Собранието вечерва ги донесе измените на Кривичниот законик. Со Измените на кривичнот законк по скратена постапка, се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Денеска помина и во двете собраниски комисии, без амандмани од опозицијата.
За пратеничката Гордана Силјановска Давкова е нејсно како може Кривичен законик да се смени за неколку часа.ИМА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ВОЛОС
Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.
Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно до евентуална евакуација.
„Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја“, велат од МНР.ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРОНАЈДЕ ЛИЦЕТО КОЕ ВЕЕШЕ ЗНАМЕ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА
МВР соопшти дека е пронајдено лицето кое вееше знаме на „Голема Албанија“ во Тетово при дочекот на косовскиот премиер Албин Курти од страна на тетовскиот градоначалник Билал Касами и дека ќе следува кривична пријава за сторителот. Станува збор за извесен А.М.(21) од Германија.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОВИКУВА ЛУЃЕ НА РАСПИТ ЗА ОНКОЛОГИЈА
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека заедно со Министерството за внатрешни работи се превземаат мерки за проверка на наводите изнесени за работењето на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, но дека во оваа фаза не може да изнесе детали во јавноста.
„Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази“, брифираат од ОЈО.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир
