19 Декември, 2025
0.0653

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците ја изгласаа интерпелацијата за Љупчо Коцевски

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2025 22:30

Добивај вести на Viber

ВО СОБРАНИЕТО ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЦЕВСКИ

Со 71 глас „за“, пратениците ја поддржаа интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од Левица, а по гласањето, беше донесен заклучок со кој се констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.

„На Собранието му предлагам да го донесе следниот заклучок: Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител“, рече потпретседателката на Законодавниот дом, Весна Бендевска.

ПРОНАЈДЕНО Е ТЕЛОТО НА ДЕВОЈЧЕТО КОЕ ПОТОНА ВО ВАРДАР КАЈ УЛАНЦИ

Пронајдено e телото на 16-годишното девојче во Вардар.

По шест дена потрага, денеска околу пладне во водите на Вардар е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б.

Од полицијата потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката.

„Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24 јули 2025 година, исчезна во реката Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, потврдуваат од МВР.

КОНСТАТИРАНА Е ОСТАВКАТА НА ДИМИТРОВСКА ОД ДКСК

Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која се повлече од челната позиција на 25 јули, а под притисок на јавноста, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. 

По констатираната оставка, течат роковите од десет дена, во кои треба да заседава Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување на јавен оглас за избор на претседател и нов член на Антикорупциската комисија. Сепак, се очекува Комисијата да биде свикана во среда или четврток, кога ќе биде распишан и огласот.

АРСОВСКА СВЕДОЧЕШЕ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО ЧАИР

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи постапката против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Откако обвинетиот се изјасни дека не се чувствува виновен, започна доказната постапка со сведочењето на оштетената, која ја опиша атмосферата на настанот како агресивна и опасна.

Арсовска пред судот посочи дека на местото на инцидентот се чувствувала загрозено, несигурно и исплашено – не само за себе, туку и за присутните. Таа детално ги опиша заканите што ги добивала, кои продолжиле и откако обвинетиот бил задржан од полицијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Програмата за Скопје - Европска престолнина на културата во 2028 година обвиткана во мистерија. Ја нема на официјалната веб страница, а не е ниту презентирана на јавноста.

За да ги заштитат своите насади од град и од УВ зрачењето, земјоделците сѐ почесто купуваат заштитни мрежи. Велат дека тие навистина се корисни, но производителите на храна се изложуваат на дополнителни трошоци кои во минатото ги немале.

Основачот на најголемиот продавач и сервис на Apple во Македонија, Трајче Симоновски од Штип, го продаде својот удел од 20 отсто во „Ај Стаил“ на истоимениот партнер IStyle Кипар Лимитед во Македонија. Својот дел од сопствеништвото го отстапил во текот на минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот