ФАКТОР НА ДЕНОТ: При попис ќе нема резидентно и нерезидентно население
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2025 22:23
НА ПОПИС ЌЕ НЕМА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ
Уставниот суд укина делови од Методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население бидејќи оцени дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото.
Воедно одлуката е донесена бидејќи „директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување“.
Одлуката нема да важи ретроактивно за веќе спроведениот попис од 2021 година.
Таа ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник, за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина.МИЦКОСКИ ПРЕДЛАГА ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС ДОГОДИНА АКО СЕ ПРИФАТИ БАРАЊЕТО ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
Премиерот Христијан Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со една изборна единица веднаш.
Мицкоски денеска на седницата во Собранието посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението.
Премиерот вака му одговори на пратеникот Халил Снопче од редовите на Алијанса на Албанците, кој го праша премиерот дали Владата има намера да ја промени одлуката за бројот на советниците во општините по вчерашната одлука на Уставниот суд за спроведување на пописот во 2021 година.ТИНЕЈЏЕР ОД МАКЕДОНИЈА СЕ УДАВИ ВО ГРЦИЈА
Тинејџер од Македонија се удавил во инцидент на централната плажа во Ханиоти, на Халкидики.
Грчките медиуми објавуваат дека животот го загубил 19-годишен државјанин на Македонија, кој се удавил во морето.
ДАНЕЛА АРСОВСКА ИЗНЕСЕ НОВИ ОБВИНУВАЊА ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во име на градот, поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Како што посочи Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон чија изградба, само на еден објект чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1.5 милион евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од дивидендата што ја подели една од трите најголеми деловни банки НЛБ Скопје, вчера, во Македонија ќе останат речиси 8 милиони евра. Од тоа 3,6 милиони евра се данок што го наплаќа УЈП во име и за сметка на државата, а другите 4,17 милиони евра ќе ги поделат меѓусебе над 1.300 домашни акционери кои поседуваат 12,75% од акциите во оваа банка
Управата за јавни приходи вчера објави акт за „уредно доставување на налог за контрола за правните и одговорни лица“, со што истовремено откри четири фирми поврзани со притворениот струмички бизнисмен Ристо Крмзов, односно шемата за тоа како се префрлале сопственичките удели хронолошки, додека фиктивно се испумпувал поврат на ДДВ од државата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




