ФАКТОР НА ДЕНОТ: Првата антикорупционерка Татјана Димитровска оддавала службени тајни, a испитите за безбедносниот сертификат ѝ ги полагал колега
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2025 22:06
КОЛЕГА ПОЛАГАЛ ТЕСТ ВО ИМЕ НА ТАТЈАНА ДИМИТРОВСКА
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, досега осомничена за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“, доби обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал, а при тоа за првата антикорупционерка е додаден уште еден случај - дека вработен во Државниот завод за ревизија полагал испит за класифицирани информации во нејзино име.
„Како службено лице – претседател на ДКСК, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот „Адитив“, службени белешки за отворање на предмет и распределба на член на ДКСК, одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и на неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈОГОКК“, соопшти денеска Обвинителството.ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА
Скопското обвинителство поднесе Обвинителен предлог против Сулејман Љамалари, кој ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Предлогот е за кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста. Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува“, наведува обвинителството.ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ НЕМА ВОДА
Во врска со прекинот на водоснабдувањето на детската болница Козле, ЈП Водовод и канализација-Скопје ја информира јавноста дека нивни екипи извршиле комплетен увид на терен и констатирале дека причина за прекинот не е во нивна надлежност.
Односно, како што велат, станува збор за дефект на водоводната инсталација која е во сопственост на болницата.
„За наведеното, известени се надлежните во болницата и истите треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација. И покрај нашите АПЕЛИ, во текот на увидот констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење, со полевање на парковската површина во склоп на болницата, додека се занемарени примарните работни активности на истата. Самото тоа укажува на фактот дека и покрај обвинувањата од раководството на болницата, ЈП Водовод и канализација - Скопје нема никаква вина поврзана со прекинот на водоснабдувањето и ги отфрла сите обвинувања. И покрај горе наведеното, ЈП Водовод и канализација-Скопје со оглед дека станува збор за сензитивна работа, излезе во пресрет и постави цистерна со питка вода пред самата болница“, велат од ЈП Водовод и канализација.НА ОГЛАСОТ ЗА 400 ПОЖАРНИКАРИ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ТОЛКУ КАНДИДАТИ
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска извести дека на огласот за вработување на 400 сезонски пожарникари, не се пријавиле ниту толкав број на кандидати.
Огласот заврши вчера, а според Ангелов, најголем проблем претставувал условот што се барало од кандидатите претходно да бидат активни баратели на работа во Агенцијата за вработување. Затоа сега рокот на повикот ќе се продолжи за уште пет дена. Интересот особено бил слаб на територијата на Скопје, за каде се бараат 80 кандидати.РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ НЕЗАДОВОЛНИ ОД МИЦКОСКИ
Родителите на загинатите во Кочани информираа за тоа како течела средбата со премиерот Христијан Мицкоски.
Велат дека чувствуваат обврска да ја информираат јавноста за тоа како се одвивал состанокот.
„Во врска со состанокот со премиерот на Владата на РСМ – 07.07.2025 година Ние, родителите на починатите деца во пожарот во дискотеката ПУЛС – Кочани, чувствуваме обврска јавно да се обратиме, поради се погласните шпекулации и неточни информации околу нашите поднесени барања до државниот врв на РСМакедонија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
„Фактор“ дојде до новиот Закон за игрите на среќа, кој уште не е во собраниска процедура, но може да се заклучи дека казината и автомат-клубовите со видеолотариски апарати ќе мора да се одалечат на најмалку 500 метри пат од основните и средни училишта, додека обложувалниците ќе може да останат на своите места.Од агенциите за недвижности велат дека луѓето кои ќе купат стари станови, најчесто за реновирање трошат по 15.000 евра, но оваа сума може да биде и повисока, зависно од тоа што сакаат и како сакаат да изгледа нивниот дом.
Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на експремиерот Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




