18 Декември, 2025
0.0553

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Русковска ќе се жали, во меѓувреме Лиле Стефанова ќе ја заменува

Објавено во: Македонија 17 Август, 2022 21:19

Добивај вести на Viber

СТЕФАНОВА ЌЕ ЈА ЗАМЕНУВА РУСКОВСКА

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако државниот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата. Додека трае суспензијата ќе ја менува обвинителката Лиле Стефанова. 

Русковска за Телма изјавила дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.

СИМОВСКИ ВЕЛИ ВАЛИДНА КАТЕГОРИЈА Е САМО РЕЗИДЕНТНОТО НАСЕЛЕНИЕ

Единствена валидна категорија е резидентно население, вели директорот на Државниот завод за статистика(ДЗС), Апостол Симовски, откако се појави информација дека во јавниот сектор третина од вработените треба да бидат Албанци, и тоа не соодветставува со податоците од пописот. 

„Тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат“, вели Симовски на прашање од МИА, за тоа кои податоци треба да се користат од Министерството за информатичко општество и администрација при усогласување на податоците за алатката „Балансер“.

На прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.

АРМИЈАТА СЛАВИ 30 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ

На Денот на Армијата – 18 август, вечерва се одбележува јубилејот на Армијата „30 години Армија“.

Организиран е целовечерен настан на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“.

Следува презентација на најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Компанијата „Макпромет“ од Штип во првите шест месеци од годинава ги зголемила трошоците за своите вработени за 21 пат.

Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија, без да се наруши квалитетот на живеење. 

Невработеноста продолжува да се намалува и во јули годинава, но она што е забележливо, е дека трендот како да забавува, согласно бројките на Агенцијата за вработување.

Финансиските резултати на „Тиквеш“ заслужуваат внимание, а растот на извозот е за пример. Вкупната продажба за првото полугодие порасна за 51 отсто, а извозот во тоа учествува со повеќе од половина. Иако и понатаму му тежат финансиските расходи македонскиот гигант ја зголеми добивката за 2,6 пати!

Дали оваа зима ќе имаме ајвар на трпезите како претходните години или ќе правиме во помали количини? Има семејства кои досега правеле по 20, 30 тегли ајвар, но сега се двоумат  поради скапотијата. 

АД ЕСМ ќе купува 950.000 тони јаглен до 31 август 2023, по објавените два огласи за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ако просечната цена е 60 евра по тон, тоа би значело дека може да се очекува да се платат околу 57 милиони евра во наредните година дена за лигнит од странство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери