15 Декември, 2025
0.1068

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија пет години од референдумот за Преспанскиот договор, Заев повика на одговорност

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2023 21:15

Добивај вести на Viber

ПЕТ ГОДИНИ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук денеска објави дека 30 септември 2018 година е важен ден во современиот развој на Северна Македонија. Вели дека тоа е денот кога македонските граѓани од сите етникуми во огромен број излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа, со цел земјата да ни стане членка на НАТО и ЕУ и со цел да создадеме трајно пријателство со нашиот сосед Грција.

„610.000 граѓани гласаа ЗА на референдумот и ја поддржаа каузата „Излези ЗА европска Македонија” што е најголемата поддршка дадена при непосредно гласање после независноста. Бројот на гласови ЗА е поголем од бројот на гласови на сите победници на сите избори во историјата на државата. Иако опозицијата го бојкотираше референдумот, граѓаните од мнозинскиот демократски блок излеговме масовно, гласавме и потоа заедно со нашите сојузници успеавме да ја внесеме земјата во НАТО, а денес веќе сме во почетната фаза од преговорите со ЕУ. Во меѓувреме, односите со Грција доживеа историски пресврт и денес на наша страна имаме уште еден сосед, силен сојузник од редовите на ЕУ и НАТО. Пет години после референдумот за нашиот историски исчекор напред, исправени сме пред нови комплексни предизвици. Нашата влада успеа да најде компромисно решение со Бугарија претставено во европскиот предлог и во нашата преговарачка рамка, а дел од тоа решение содржи и наши обврски за кои е неопходен натпартиски мнозински договор“, пишува Заев. 

Тој додава дека е време за нов македонски успех. 

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА ДОБИВАЛЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ИМ ГИ ОДЗЕМАТ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ

Македонското население, кое изминатите години има земено бугарски пасоши од економски причини за работа во Европската унија, се соочува со закани дека ќе им бидат одземени пасошите, доколку на овој попис не се запишат како Бугари, вели во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на македонски весник „Илинден“.

Ѓурѓај како аргументи наведува дека во изминатите 11 пописи спроведувани во Албанија, никој не се идентификувал како Бугарин, а населението во Преспа, Голо Брдо и Гора се идентификува како македонско малцинство.

КОСОВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ИСТЕПАЛЕ ТРОЈЦА МЛАДИ СРБИ

Нов инцидент се случи на Косово. Елитната единица на косовскиот премиер Албин Курти направи хаос во Зубин Поток и претепа тројца млади Срби. 

Три српски млади момчиња се претепани во Горње Вараге во општина Зубин Поток, дознава Косово онлајн.

Претепани се М.Р., М.С., и М.Ј., кои на локалниот пат кон дома ги пресретнале припадници на ФИТ. Медиумот пренесува дека полицајците ги навредувале и пцуеле момчињата.  Членови на ФИТ ги обвиниле дека илегално го преминале административниот премин, по што ги собориле на земја и ги претепале.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење