ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се очекува Лавров да дојде на Министерскиот состанок на ОБСЕ, Украина и балтичките земји ќе бојкотираат
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023
ПОРАДИ ЛАВРОВ, УКРАИНА И БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ НЕМА ДА УЧЕСТВУВААТ НА МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК НА ОБСЕ
Балтичките држави ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради присуството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и Лавров. Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна наведе дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“. Вели дека местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ.
Кажа дека треба веднаш да се стави крај на агресијата врз Украина, да се повлечат руските трупи од окупираните области, да се плати компензација за уништувањето и да се повикаат на одговорност криминалците.СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ВАЊА
МВР го стави исчезнатото девојче на лчистата на исчезнати лица кои се водат во регистарот на Министерството.
„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, е објавено на веб страницата на МВР за исчезнатио лица.
Тие даваат и препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица.ВЛАДАТА ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
Владата објави дека повторно ќе го субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор, како антикризна мерка, но овој пат опсегот на субвенционирање ќе биде за зголемувања од 3.000 до 10.000 денари за работниците од страна на работодавачите.
Ова ќе важи само за тие што имаат плата најголема до една и пол просечна во последните три месеци.
- За зголемениот износ се плаќа само данок на личен доход, а се ослободува за тој дел од плаќање на придонеси, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.БОКИ 13 Е НА СЛОБОДА
Осудениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд.
Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.
Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, откако му е извршена операција.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.